Со КОДУ во мисија на Марс

Здружение за унапредување на образованието КОНЕДУ ГЛОБАЛ Скопје

Опис Настанот е наменет за ученици од основно образование кои почетно се запознаваат со елементите на кодирањето. Воведот е осмислен преку постоечки игри, како што се: Игра со блокови, преведена на македонски и албански јазик и модели, макети на ровери и роботи.
Самото кодирање е со користење на апликацијата KODU, проект на Microsoft, бесплатно достапен за превземање, со мотото „Hello World!“, а целта е преку создавање виртуелни светови да се поттикне креативноста и научи кодирањето. KODU содржи голем број изработени кодови кои можат да се менуваат и прилагодуваат и се наменети за учење на основи на кодирањето и програмирањето. Постоечките елементи за кодирање, како што се најразновидни терени, карактери, визуелни и аудио објекти овозможуваат едноставно и забавно кодирање и создавање нови светови.
За оваа цел веќе е направена почетната верзија за кодирање која ја нарековме „ Со КОДУ во мисија на Марс“.
За време на активноста учениците ќе бидат поделени во мешани тимови, составени девојчиња и момчиња од различна етничка припадност, и ќе имаат различни улоги како вистински вселенски истражувачи.
Предвидено е активноста да се спроведе во ООУ „Панајот Гиновски“ од Скопје.



Локація

Вікова група 8 - 12

Складність

Тип Офлайн-подія

Дата 18.10.2019    10:00 - 14:00

Адреса ул. „Ферид Бајрам“ бр. 30
1000 Скопје

Максимальна кількість учасників 40 Бажаєте взяти участь? Будь ласка, зв’яжіться із контактною особою у вашій країні.

Участь безкоштовна
Нагороди Meet and Code Diversity (Різноманіття)

Контакт Здружение за унапредување на образованието КОНЕДУ ГЛОБАЛ Скопје Веб-сайт: https://www.konedu.org/
Електронна адреса відповідальної особи: contact@konedu.org

Поширити через соціальні мережі