Newsletter

Со КОДУ во мисија на Марс

Здружение за унапредување на образованието КОНЕДУ ГЛОБАЛ Скопје

Opis Настанот е наменет за ученици од основно образование кои почетно се запознаваат со елементите на кодирањето. Воведот е осмислен преку постоечки игри, како што се: Игра со блокови, преведена на македонски и албански јазик и модели, макети на ровери и роботи.
Самото кодирање е со користење на апликацијата KODU, проект на Microsoft, бесплатно достапен за превземање, со мотото „Hello World!“, а целта е преку создавање виртуелни светови да се поттикне креативноста и научи кодирањето. KODU содржи голем број изработени кодови кои можат да се менуваат и прилагодуваат и се наменети за учење на основи на кодирањето и програмирањето. Постоечките елементи за кодирање, како што се најразновидни терени, карактери, визуелни и аудио објекти овозможуваат едноставно и забавно кодирање и создавање нови светови.
За оваа цел веќе е направена почетната верзија за кодирање која ја нарековме „ Со КОДУ во мисија на Марс“.
За време на активноста учениците ќе бидат поделени во мешани тимови, составени девојчиња и момчиња од различна етничка припадност, и ќе имаат различни улоги како вистински вселенски истражувачи.
Предвидено е активноста да се спроведе во ООУ „Панајот Гиновски“ од Скопје.



Lokacija

Dobna skupina 8 - 12

Stepen težine

Vrsta Offline-Event

Datum 18.10.2019    10:00 - 14:00

Adresa ул. „Ферид Бајрам“ бр. 30
1000 Скопје

Max. broj učesnika 40 Želite učestvovati? Molimo da kontaktirate našeg lokalnog operatera zaduženog za kontakte.

Učešće je besplatno
Meet and Code Award Diversity

Kontakt Здружение за унапредување на образованието КОНЕДУ ГЛОБАЛ Скопје Website: https://www.konedu.org/
Email kontakt osobe: contact@konedu.org

Podeli na društvenim medijima