Newsletter

Со КОДУ во мисија на Марс

Здружение за унапредување на образованието КОНЕДУ ГЛОБАЛ Скопје

Descriere Настанот е наменет за ученици од основно образование кои почетно се запознаваат со елементите на кодирањето. Воведот е осмислен преку постоечки игри, како што се: Игра со блокови, преведена на македонски и албански јазик и модели, макети на ровери и роботи.
Самото кодирање е со користење на апликацијата KODU, проект на Microsoft, бесплатно достапен за превземање, со мотото „Hello World!“, а целта е преку создавање виртуелни светови да се поттикне креативноста и научи кодирањето. KODU содржи голем број изработени кодови кои можат да се менуваат и прилагодуваат и се наменети за учење на основи на кодирањето и програмирањето. Постоечките елементи за кодирање, како што се најразновидни терени, карактери, визуелни и аудио објекти овозможуваат едноставно и забавно кодирање и создавање нови светови.
За оваа цел веќе е направена почетната верзија за кодирање која ја нарековме „ Со КОДУ во мисија на Марс“.
За време на активноста учениците ќе бидат поделени во мешани тимови, составени девојчиња и момчиња од различна етничка припадност, и ќе имаат различни улоги како вистински вселенски истражувачи.
Предвидено е активноста да се спроведе во ООУ „Панајот Гиновски“ од Скопје.



Locație

Vârste participanți 8 - 12

Grad dificultate

Format eveniment Eveniment offline

Dată 18.10.2019    10:00 - 14:00

Adresă ул. „Ферид Бајрам“ бр. 30
1000 Скопје

Numărul maxim de participanți 40 Vrei să participi la eveniment? Ia legătura cu reprezentantul.

Participarea la eveniment este gratuită pentru participanţi.
Competiția Meet and Code Diversity

Contact Здружение за унапредување на образованието КОНЕДУ ГЛОБАЛ Скопје Website: https://www.konedu.org/
Mail persoană de contact: contact@konedu.org

Share pe rețele de socializare