Андроид ни помага да се дружиме и кодираме

Здружение за унапредување на образованието КОНЕДУ ГЛОБАЛ Скопје

Descrição Овој настан е осмислен за ученици од основно образование кои уште од раната возраст, низ различни предмети, се запознаваат со елементите на кодирањето. Можноста која ја нуди Андроид оперативниот систем, како достапен на паметните уреди и бесплатен, е идеален за образовната, но и забавната намена, со што се дава употребливост на телефоните и таблетите во наставата.
Од друга страна, користењето на Андроид кутиите (Android box), кои може да се поврзат на поголем екран или ЛЦД бим, дава можност за активности со поголема група деца.
Воведните активности се планирани да се организираат преку едноставни примери и игри како што се Lightbot, SpriteBox, Algorithm City и ScratchJr.
Понапредното кодирање е планирано да се претстави преку blockchain платформи за изработка на Андроид апликации со што учениците ќе имаат можност сами да кодираат (создадат) своја Андроид апликација.
За време на настанот учениците ќе работат индивидуално и во мешани тимови (со различни способности и од различни етнички групи), при што ќе учат, ќе работат тимски и ќе соработуваат, осмислуваат и кодираат.

Предвидено е активноста да се спроведе во ООУ „Аврам Писевски“ село Бардовци, Скопје.



Localização

Faixa etária 8 - 14

Dificuldade

Tipo Evento Offline

Data 16.10.2019    10:30 - 14:30

Morada ул. 2 бр. 10 Село Бардовци
1000 Скопје

Máx. de Participantes 40 Quer participar? Por favor, contacte a nossa pessoa de contacto local.

A participação é gratuita.
Prémio Meet and Code Diversidade

Contacto Здружение за унапредување на образованието КОНЕДУ ГЛОБАЛ Скопје Website: https://www.konedu.org/
Email da pessoa de contacto: contact@konedu.org

Partilhar nas Redes Sociais