Пријавете ја вашата организација и поднесете барање за вашиот настан

Дали сте добротворна организација која би сакала да организира дигитален/настан за програмирање за младите на возраст помеѓу 8 и 24? Дали тоа би било во вид на работилница, хакатон, или друг формат – нема никакви ограничувања за тоа како ќе го структурирате вашиот настaн. Дали веќе имате идеја? Тогаш подготвени сте да стартувате и да ја пријавите вашата организација! За пријавување ќе ви биде потребна белешка за ослободување од данок или друг доказ за вашиот непрофитен статус како и IBAN и BIC на вашата организација.
За да пријавите настан, прво пријавете ја вашата непрофитна организација и изберете го вашето корисничко име и лозинка. Со ова ќе ви се овозможи да се пријавувате понатаму и да управувате со вашата корисничка сметка. Вашиот пријавен настан ќе се ревидира во согласаност со одобрените критериуми и ние ќе ве известиме преку имејл за одлуката за финансирање.