забелешка за заштита на податоци


Како оператори на веб-страницата www.meet-and-code.org, ние во Haus des Stiftens gGmbH сме задоволни што ја користите нашата веб-страница и што се интересирате за нас. Заштитата на вашите лични податоци при посетата на нашата веб-страница е важна за нас.

Со оваа изјава, ние би сакале да ве известиме за личните податоци кои ги собираме во однос на вашата посета на нашата веб-страница и за кои цели би се користела.

Поради понатамошен развој на нашата понуда или поради промени на правните или службени барања, можеби ќе биде потребно да се смени оваа политика за приватност. Ве молиме да ја читате оваа политика за приватност секогаш кога е можно при секоја посета на веб-страницата.

  1. Лични податоци

    Личните податоци се податоци кои вклучуваат индивидулани детали за личните или фактички состојби на идентификувано или препознатливо d лице. Анонимизираните или статистички податоци кои не можат да се поврзат со вашиот идентитет, или можат но само со диспропороционални напори не се сметаат за личен податок.

    Во принцип, вие може да пребарувате на нашата веб-страница без да го откривате вашиот идентитет. Сепак, личните податоци кои се подолу детално наведени се собираат при посетата на нашата веб-страница.

  2. Обработување на апликациите за грант и пријавувања за награда

    a)Пред вие и вашата организација да аплицирате за грант и учество во наградата, вашата организација мора да се регистрира и да има потврден статус на добротворна непрофитна организација. Квалификувањето ќе биде спроведено од партнерот на TechSoup Europe во земјата на организацијата апликант (листата на сите партнери на TechSoup Europe може да ја најдете на: http://www.techsoupeurope.org/where-we-work/). По квалификувањето, овој партнер за квалификување ќе ги пренесе информациите на организацијата што ги обезбедил за време на процесот на квалификување, како и резултатот од квалификацијата на Haus des Stiftens gGmbH за понатамошно ракување.

    б) Доколку вие и вашата организација се регистрирате (како што е опишано во подточка а. погоре) и/или се пријавите за грант и учество за награда, ние ги собирамe и обработуваме различните податоци како дел од процесот за пријавување. Ние примарно собираме информации за вашата организација , но делумно и лични податоци ( име, имејл, позиција во организацијата и телефонски број на лицето за контакт).

    Сите податоци кои се собрани тука ќе се обработат за единствена цел да ви обезбедиме пристап до процесот за доделување грант и да ви овозможиме учество за награда.

    в) Освен Германија, Австрија и Швајцарија, земјите партнери на мрежата на TechSoup Europe се одговорни за доделување грантови за финансирање на настанот. Поради тоа, доколку вашата организација е со седиште надвор од Германија, Австрија и Швајцарија, ние ќе ги пренесеме вашите лични податоци до соодветните земји партнери на мрежата TechSoup Europe за оваа цел.

    г) Листата на овие партнери на TechSoup Europe може да се најде на: http://www.techsoupeurope.org/where-we-work/. Во зависност од вклучената земја, ова може да резултира со пренос на лични податоци на партнер на TechSoup Europe кој се наоѓа во земја која не е членка на ЕУ. Некои од нив се земји за кои Европската комисија не одлучила дека обезбедуваат соодветно ниво на заштита на личните податоци. За корисниците во тие земји обезбедуваме соодветно ниво на заштита на податоците преку вклучување на стандардни договорни клаузули на Европската комисија. Ќе ви обезбедиме копија од овие стандардни договорни клаузули доколку го побарате тоа.

    д) Ние (за апликации кои се однесуваат на Германија, Австрија или Швајцарија) и соодветниот партнер на TechSoup Europe (за апликации кои се однесуваат на други земји) може да добијат поддршка од SAP SE и/или од локална компанија од SAP групацијата (листата на сите компании на SAP групацијата може да се најде на: https://www.sap.com/dam/site/corporate/legal/sap-legal-entities.pdf) при проценка на апликацијата на вашата организација за грант. Обработката на апликацијата на вашата организација може да резултира со пренос на вашите податоци на SAP SE и/или на такви други компании на SAP групацијата.

    Правната основа за обработка на вашите податоци како што е опишано погоре е Член 6 (1) (ф) на Европската регулатива за заштита на податоци (GDPR), односно балансирање на интереси врз основа на нашиот легитимен интерес за управување со проектот Meet and Code.

  3. Обработување на личните податоци за извештаи, планирање и маркетинг цели

    Дополнително, ние ќе ги употребиме личните податоци кои вие ќе ги дадете во контекст на вашата апликација за цели на известување и планирање. Ние исто така можеме да ги користиме за да ве информираме за слични активности на Haus des Stiftens gGmbH во иднина. За оваа цел, ние исто така можеме да ви испратиме соодветни електронски пораки на адресата што сте ја дале во процесот на апликација (под услов овие и-мејлови да се дозволени со важечките закони, и вие да не сте се спротивставиле на нив). Ако ви испратиме такви и-мејлови, ќе се обидеме да пронајдеме кој од нив сте ги отвориле, и на кои линкови вклучени во овие е-мејлови сте кликнале. Врз основа на овие податоци за следење на нашите и-мејлови ќе се обидеме да ја оптимизираме нашата комуникација со вас за да ви испратиме само најрелевантни информации за вашите специфични области на интерес.

    Правната основа за оваа обработка на вашите податоци е член 6(1)(ф) од GDPR, односно балансирање на интереси врз основа на нашиот легитимен интерес за промовирање на непрофитните организации и граѓанското општество.

    Имате право да се спротивставувате на користењето на вашите лични податоци што е опишано во овој дел во секое време, на пр. со испраќање на барање преку е-мејл на macedonia@meet-and-code.org?.

  4. Обработување на личните податоци за оптимизација на веб-страницата

    Кога ќе ја посетите нашата веб-страница , ние ги чуваме и обработуваме различните податоци со цел да ги анализираме и оптимизираме вашите активности на интернет. Ние користиме алатаки за веб аналитика кои се подолу наведени. Ние ги обработуваме личните податоци во согласност со Член 6 (1) (1) (f) од GDPR со цел да осигуриме безбедност на системот (на пр. да спречиме злоупотреба) и да ги откриеме грешките. Ние, исто така прибираме статистички податоци за активности поврзани со маркетинг само доколку не откриеме дека ова би било во конфликт со важните интереси на корисникот.

    a) Запис на фајлови

    Кога ја посетувате нашата веб-страница, не се креираат специфични информации за протокол (запис на фајлови) кои би дозволиле креирање заклучоци за индивидуалните корисници .

    Ние ги собираме вкупните податоци za користење на веб-страницата за статистички цели, поради безбедносни причини ( на пр. спречување злоупотреба), или откривање грешка за оптимизирање на нашата веб-страница.

    b) Колачиња

    „Колачиња“ (cookies) се мали текст-фајлови испратени од веб-серверот на вашиот веб-прелистувач, тие се зачувани таму и се подготвени за последователно вчитување и може да се анализираат за користењето на веб-страницата. Ние ги користиме т.н колачиња за сесија со цел вашата посета на нашата веб-страница да биде поатрактивна и да ни овозможи користење на посебни функции. Овие се бришат автоматски на крајот на вашата сесија на пребарување.

    Ние, исто така користиме и трајни колачиња, кои примарно се користат за можат вам (како посетител на нашата веб-страница) да ви обезбедат постојано повторување на поставките. Во тек на нивниот корисен период на траење, колачињата, исто така ни овозможуваат да анализираме како вие ја користите веб-страницата. Со ова ние можеме да ја адаптираме веб-страницата индивидуално според вашите желби.

    Во оваа насока ние ги чуваме вашите податоци без да се реферираме на вашиот идентитет, и не креираме кориснички профили.

    Вие може да го блокирате складираањето колачиња на вашиот компјутер со промена на поставките на пребарувачот за да не се прифатат колачињата. Сепак, со ова може да се ограничат функциите кои ние ги нудиме Онлајн или нашите услуги во вакви услови.

    c) Гугл аналитика (Google Analytics)

    На оваа веб-страница се користи Гугл аналитика, анализа на веб-страница обезбедена од Google LLC, 1600 Amphitheatre Parkway Mountain View, CA 94043, USA (“Google”).

    Google Analytics ги користи "колачињата" споменати погоре во потсекцијата б). Вашиот прелистувач ги пренесува информациите креирани со помош на овие колачиња за користење на оваа веб-сајт на серверите на Google во САД, каде што се чуваат до 14 месеци. Во моментов не постои одлука на Европската Комисијата дека САД обично обезбедуваат адекватно ниво на заштита на личните податоци. Google, сепак, се обврзува да се придржува кон Рамката за заштита на приватноста на ЕУ и САД, како што е наведено од страна на Министерството за трговија на САД во врска со собирањето, користењето и задржувањето на лични податоци од земјите-членки на Европската унија. Повеќе информации во врска со ова се достапни тука: https://support.google.com/analytics/answer/7105316?hl=en

    Повеќе информации за ракувањето со корисничките податоци во рамките на Google Analytics се достапни во напомената за приватност на Google на https://support.google.com/analytics/аnswer/6004245?hl=en

    Можете да спречите собирање и пренос до Google на податоци во врска со користењето на вашиот веб-сајт (вклучувајќи ја и вашата IP адреса), како и обработка на такви податоци од страна на Google со преземање и инсталирање на дополнителниот модул (browser plugin) достапен на следниов линк (http://tools.google.com/dlpage/gaoptout?hl=de).

    d) Следење разговор на Гугл

    Овој веб-сајт ја користи онлајн програмата за рекламирање „Google AdWords“ и следење на разговорот во рамки на Google AdWords. Колачето за следење на разговорот е поставено на вашиот пребарувач, доколку кликнете на онлајн реклама (ad) испорачана од Google. Овие колачиња ја губат важноста по 30 дена. Тие не се користат за добивање на личните податоци за идентификација. Доколку посетите одредена страница на оваа веб-страница и колачето не изминало, тогаш ние и Google ќе можеме видиме дека сте кликнале на рекламата (ad) и сте биле препратени на оваа страница. Секој клиент на Google AdWords добива различно колаче. Поради тоа колачите нема да можат да се следат низ веб-страниците на клиентите на AdWords. Информациите собрани со колачињата за разговор се користат за да обезбедат вкупни статистики за разговор на клиентите на AdWord кои се одлучиле за следење на разговор. Клиентите се информирани Клиентите се информирани за вкупниот број кои кликнале на некоја реклама (ad) и биле препратени на страница за следење на разговорот. Сепак, Следењето на разговор на Гугл не обезбедува никаква информација која би им овозможила на операторите на веб-страниците да ги идентификуваат корисниците лично. Доколку не сакате да учествувате на програмата за следење, вие исто ја одбивате бараната поставка за колаче - на пример, преку поставката на пребарувачот која генерално оневозможува автоматски поставки на колачињата. Вие исто така може да оневозможите колачињаа за следење на разговор со поставка на пребарувачот за блокирање колачиња од домеинот "googleadservices.com".

  5. Линкови до други веб -страници

    Нашата веб-страница содржи линкови до надворешни веб- страници кои можат да користат колачиња и да собираат и обработуваат лични податоци. Ние немаме контрола на тоа и не сме во можност однашпред да ве информираме. Оваа декларација за заштиата на податоци се применува единствено за нашата веб-страница. Страниците кои се поврзани и од нашите вен-страници не се покриени со ова.

  6. Социјални медиуми

    Социјалните модули Facebook и Twitter се стандардно оневозможени на нашата веб-страница. За да користите дополнителен социјален модул вие мора да го активирате со кликнување на соодветното копче. Се додека не се активира социјалниот дополнителен модул, нема да се пренесуваат податоци. По активирањето, социјалниот дополнителен модул се поврзува со серверите на Facebook и Twitter и останува активен се додека вие не го деактивирате повторно или го избришете вашето колаче (види „Cookies" погоре). Со активацијата се воспоставува директна поврзаност со серверот на одредениот провајдер. Содржината на социјалниот дополнителен модул се пренесува од провајдерот директно на вашиот пребарувач, со што ова се интегрира на посетената веб-страница. Поради тоа, ние немаме влијание на количината на податоци собрани преку социјалниот дополнителен модул.

  7. OpenStreetMap

    Нашата веб-страница користи содржини обезбедени од OpenStreetMap некои подстраници за да прикаже интерактивни мапи и да креира насоки за возење. OpenStreetMap е сервис за мапи кој го обезбедува фондацијата OpenStreetMap ("OSMF"), St John’s Innovation Centre, Cowley Road, Cambridge CB4 0WS, United Kingdom.

    Кога користите страница која содржи мапа на OpenStreetMap, вашиот пребарувач воспоставува директна врска со серверите на OSMF. Содржините на мапата се пренесуваат од OSMF директно на вашиот пребарувач и се интегрираат на веб-страницата. Поради тоа, ние немаме контрола врз степенот на податоци собрани со OSMF во текот на овој процес.

    За повеќе информации за целта и опсегот на собирање податоци, како и дополнителната обработка и користење на податоците од OSMF, вашите права и поставки за приватност, ве молиме да се реферирате на Политиката на прватност на OSMF на https://wiki.osmfoundation.org/wiki/GDPR_Privacy_Statement.

  8. Вашите права во однос на обработка на вашите лични податоци

    На ваше барање, ние во секое време ќе ви обезбедиме информации за вашите лични податоци обработени од нас ( за детален опис на доменот на вашите права за информации, види Член 15 GDPR). Сепак, дали треба да се појави во индивидуални случаи покрај нашите напори да се обезбедат точни и ажурирани податоци, кога се чуваат неточни или непотполни податоци на ваше барање тоа веднаш ќе се поправи (Член. 16 GDPR). Доколку сакате да ги избришете вашите лични податоци кои ние ги чуваме, ова барање ќе се почитува веднаш доколку бришењето не се коси со стутарната документација или обврските за задржување или пак правата за обработка (Член. 17 GDPR). Како алтернатива на бришењето, вие може само да побарате ограничување на обработкаат на податоците доколку сметате декаа податоците се некоректни или дека обработката е незаконска или доколку податоците веќе не се потребни но вие треба да ги потврдите, исполните или браните вашите законски права (Член. 18 GDPR). Дополнително, вие имате право во секое време да добиете податоци кои ни се нам достапни во структуриран, препознатлив и читлив формат или да побарате пренос на друг провајдер на услуги (Член. 20 GDPR).

    Доколку сметате дека управувањето со личните податоци не е доследно според GDPR, вие имате право да поднесете приговор во било кое време до надзорниот орган за прашања поврзани со заштита на податоците.

    Сите ваши прашања и желби кои се однесуваат на заштитата и се наведени тука треба да се упатат до нашата адреса за контакт наведена подолу.

  9. Службеник за контрола и заштита на податоците

    Одговорен за обработка на податоците во оваа изјава е:

    Haus des Stiftens gemeinnützige GmbH
    Landshuter Allee 11, 80637 Munich, Germany
    Tелефон: +49 (0)89 744 200 210
    Имејл: muenchen@hausdesstiftens.org

    Адреса за контакт за вашите прашања и барања во однос на заштитата на податоците:

    На горната адреса или прекз и-мејл до macedonia@meet-and-code.org

    Вие исто така може директно да го контактирате нашиот службеник за заштита на податоци:

    Halyna Tzimas
    Privacy officer
    Haus des Stiftens gGmbH
    Landshuter Allee 11
    80637 Munich
    Имејл: datenschutz@hausdesstiftens.org
    http://www.hausdesstiftens.org

    May 2019