Meet and Code - ЧПП

Општо за Meet and Code

Грантовите од Meet and Code се достапни само за непрофитни организации. Ќе треба да ја регистрирате Вашата хуманитарна организација овде на веб-страницата на Meet and Code. За да го регистрирате и потврдите Вашиот статус на хуманитарна организација ќе бидете пренасочени кон Платформите на TechSoup Europe [локалните партнери на TechSoup]. Откако успешно ќе ја регистрирате Вашата организација ќе добиете токен за потврда за да ја комплетирате регистрацијата на Платформата на Meet and Code. Потоа, може да поднесете една или повеќе идеи за настани на веб-страницата на Meet and Code Website и да учествувате на Meet and Code 2019!

Доколку сте биле дел од Meet and Code во претходните години ќе може да се најавите со Вашата сметка и да поднесете идеи за настани за 2019.

Вашата организација мора да биде добротворна и затоа мора да има потврдена сметка na Techsoup Balkans за да може да учествувате на Meet and Code.

За да се идентификува и потврди статусот на Вашата организација како добротворна организација потребно е да добиете Токен за потврда од Techsoup Balkans.

  1. Доколку веќе сте регистрирани при Techsoup Balkans, тогаш најавете се на Вашата сметка на нивната веб-страница и земете Токен за потврда.
  2. Доколку не сте регистрирани при Techsoup Balkans, тогаш Ве молиме кликнете подолу за да се регистрирате и следете ги наредните чекори.

За повеќе информации и регистрација кликнете овде.

Настанот треба да ги исполнува следниве критериуми:

  • Темата на настанот мора да биде поврзана со кодирање и технологија
  • Настанот треба да се одржи за време на Европската недела на кодирање (5 - 20 октомври 2019)
  • Најмалку 20 учесници мора да учествуваат на настанот
  • Настанот треба да се однесува на деца и млади од 8 до 24 години
  • Настанот мора да биде бесплатен за учесниците

Доколку настанот ги исполнува сите горенаведени критериуми, тогаш тој ќе може да биде дел од процесот на оценување на апликацијата. По поднесувањето на настанот ќе добиете одговор во рок од четири седмици.

Јас сум претставник на библиотека:

Доколку имате статус на непрофитна организација во Вашата земја, тогаш може да аплицирате за грант. Доколку не сте сигурни, контактирајте ја фондацијата Метаморфозис. Доколку немате статус на непрофитна организација, тогаш ќе треба да најдете добротворна организација како партнер за соработка.

Сакам да организирам настан како приватно лице:

Потребно е да најдете хуманинарна организација како партнер за соработка.

Имајте предвид дека грантови се префрлаат само на хуманитарни организации. Затоа важно е Вашето училиште да има статус на хуманитарна организација. Во повеќето случаи, училиштата имаат хуманитарно училишно здружение со кое може да се регистрираат на Meet and Code. Доколку нема, тогаш можно е и да најдете непрофитна организација како партнер за соработка. Откако ќе се регистрирате може да го пријавите Вашиот настан и да го одржите настанот како дел од школски час. Доколку сè уште не го знаете распоредот за наредниот месец, тогаш може да дадете приближно време кога мислите дека настанот би можел да се одржи како дел од часот.

Кога го пријавувате настанот, може да ја одберете опцијата „Event fully booked”. Во таков случај, никој друг освен учениците нема да може да учествува на настанот.

Споделете ја идејата со Вашите родители, наставник/чка, библиотекар/ка или претставникот на локалната непрофитна организација! Доколку Ви треба наша помош кажете им и за иницијативата Meet and Code. Може да најдете корисни ресурси кои може да ги користите за време на настанот во нашата Библиотека за инспирација.

Да! Може да поднесете колку сакате различни идеи. Ве молиме имајте предвид дека секој настан мора да биде посебен по својата содржина.

Регистрацијата за Meet and Code 2019 е отворена од 03.06.2019 до 08.09.2019. Треба да го пријавите Вашиот настан за време на овој период, во спротивно нема да може да учествувате.

Во исклучителни случаи, доколку не е возможно да се одржи настанот за време на Европската недела на кодирање, дозволено е да се одржи настанот подоцна. Ве молиме информирајте го локалното лице за контакт во врска со тоа, а деталите за контакт се достапни овде.

Ќе добиете одговор во рок од четири седмици откако ќе ја поднесете идејата.

[Ве молиме прилагодете според локалните барања:] Ќе добиете е-порака за потврда со банкарските детали кои сте ги навеле при регистрацијата. Штом ќе ги ревидирате овие информации, средствата ќе бидат префрлени на Вашата сметка во рок од две седмици. Би сакале да Ве замолиме да ни испратите документ за примената донација откако ќе ги добиете парите.

Потоа останува на Вас да организирате успешен настан! Може да најдете корисни ресурси во Библиотеката за инспирација и поддршка за Вашата комуникација во делот за симнување додека сте најавени кој се наоѓа овде.

Потребно е да испратите извештај за настанот во рок од 48 часа откако тој ќе се одржи. За потребите на извештајот ќе Ви биде испратена анкета по е-пошта пред Европската недела на кодирање и ќе треба да испратите една или две фотографии од настанот. [Ве молиме прилагодете според локалните барања:] Исто така потребно е да испратите документ (сметка/белешка) за примената донација во рок од 14 дена по примањето на парите.

Доколку сакате да дознаете повеќе за условите и барањата, кликнете овде.

Библиотеката за инспирација на Meet and Code нуди голем избор на идеи и методи за организирање на Вашиот настан. Ве охрабруваме да ги погледнете идеите кои се веќе поднесени овде за да добиете инспирација.

Доколку сакате другите да дознаат за Вашиот настан на Meet and Code, тогаш може да го сторите тоа преку друштвените медиуми со користење на хаштаговите: #meetandcode #codeEU #SAP4Good. Настаните кои ги има на веб-страницата може директно да се споделуваат преку иконките за друштвените медиуми.

Доколку Вашиот настан е одобрен, набргу потоа ќе добиете Пакет за добредојде преку е-пошта кој ќе содржи насоки за комуникација, графика и идеи да Ви помогнат при промовирањето на настанот. Може и директно да го симнете од нашата веб-страница секогаш кога Ви треба. Само најавете се на веб-страницата на Meet and Code и посетете го делот „Downloads“.

Да! Посетете ја нашата страница за креирање стории каде ќе најдете едноставен водич за тоа како да ја опишете Вашата приказна и да ја испратите до лицата за контакт од Вашата држава. Приказната треба да биде на англиски јазик, но доколку сакате може да испратите и верзија на локалниот јазик. Доколку ни ги испратите сите потребни информации ќе ни биде задоволство да го споделиме Вашиот успех и на двата јазика!

Доколку сакате да ни испратите фотографии или видеа, Ве молиме да обезбедите писмена изјава дека сте добиле согласност од учесниците на настанот пред да ја споделите Вашата приказна на веб-страницата. Може да ја најдете како прилог во водичот. Пред да го сторите тоа, треба да добиете соодветна согласност од учесниците, или доколку се работи за деца - од родител/старател - за да може јавно да ги споделувате фотографиите. Образецот за согласност е достапен во делот „Download“ откако ќе се најавите на веб-страницата на Meet and Code.

SAP Lighthouse проект е настан за кодирање за време на Meet and Code, внатрешно инициран и спроведуван САМО од вработени во SAP - во многу случаи со локален партнер кој е непрофитна организација.



Награда на Meet and Code

За време на процесот на поднесување на Вашата идеја за настан може да одберете една од следниве опции:

Учество само на јавното гласање: Доколку ја изберете оваа опција, Вие и други луѓе ќе може да гласате за Вашиот настан и со доволен број гласови би можеле да бидете финалист или победник и потоа да присуствувате на Наградниот викенд.

Дополнително учество во една од четирите категории во јавното гласање: Доколку ја изберете оваа опција ќе може да собирате гласови на јавно гласање. Дополнително, Вашиот настан ќе биде селектиран од страна на жири во одбраната категорија при регистрирањето на настанот. Имајте предвид дека може да бидете победник во само една од овие две опции.

Сите информации за Наградата се достапни овде.

Не. Кога пријавувате настан може да одберете „No participation“ (Без учество) доколку не сакате да учествувате. Тоа нема да влијае на процесот на оценувањето на апликацијата.

Почнувајќи од 16 септември па до 20 октомври во 23:59 часот по централно европско време ќе може да се гласа за секој настан на Meet and Code кој ќе учествува на Наградата преку веб-страницата на Meet and Code. За да ја подигнете свеста за настанот со цел да добиете гласови настаните може да се споделуваат на друштвените медиуми. НАЈДОБРИТЕ 10 настани од сите земји учеснички ќе бидат прикажани на веб-страницата на Meet and Code за време на периодот на гласање. НАЈДОБРИТЕ 3 ќе бидат поканети на Наградниот викенд и победникот ќе добие парична награда.

Селекцијата на настани од страна на жирито ќе се случи по Европската недела на кодирање. Таквите настани ќе добијат информации во рок од шест недели. Вие ќе бидете известени преку е-пошта доколку сте финалист во една од четирите различни категории. Дополнително, резултатите ќе бидат прикажани на веб-страницата. Победниците од сите категории ќе бидат објавени за време на Наградниот викенд.

Информациите за финалистите и победникот од јавното гласање ќе бидат финални по завршувањето на гласањето. Тие ќе бидат објавени на веб-страницата на Meet and Code на 21 октомври.

Паричната награда од 2.000 евра треба да се искористи за предавање, пренесување и промовирање на дигиталните вештини кај децата.


Доколку имате други прашања или Ви требаат повеќе информации слободно стапете во контакт со локалното лице за контакт.