Билтен

Преку QR кодови промоција на нашиот град

Centar za inovacii i digitalna edukacija - Dig-Ed

Опис Ученици, наставници, историчари ќе се соберат со цел да го промовираат својот град. Имено, ќе се изберат најважните и најпосетените места во градот од туристи. Ќе се истражи нивното минато, ќе се скенираат слики - како изгледало тоа место, и други интересни информации.
Учесниците потоа ќе изработат веб сајт користејќи wordpress платформа и ќе се запознаат со основите на html со цел уредување на сајтот.
Ќе се реализира работилница на која учесниците ќе научат како се креира Qr код.
На одредените места ќе се постават табли со QR кодови кои ќе водат до соодветниот напис на веб сајтот.
Секој посетител кој ќе го посети местото со својот телефон ќе може да го скенира кодот и да прочита повеќе за историјата на местото.
За почеток написите ќе бидат на македонски јазик, но потоа ќе може да се надграде и да се додадат и други јазици.



Location

Возрасна група 11 - 24

Тешкотија

Вид Офлајн настан

Date 08.10.2019    12:00 - 15:00
15.10.2019    12:00 - 16:00

Адреса Паризанска 146
1440 Неготино

Максимален број учесници 40 Вие сакате да учествувате? Ве молиме да го контактирате нашето лице за контакт.

Учеството е бесплатно.


Контакт Centar za inovacii i digitalna edukacija - Dig-Ed Веб-страница: https://dig-ed.org/
Имејл на лицето за контакт: info@dig-ed.org

Споделување на социјални медиуми