Билтен

Услови за учество


Критериуми за квалификација за грантот Meet and Code

Само добротворни непрофитни организации од од следните земји имаат право да аплицираат за грант за Meet and Code: Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Холандија, Чешка Република, Англија, Франција, Германија,Унгарија, Ирска, Италија, Казахстан, Холандија, Северна Mакедонија, Полска, Португалија, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Швајцарија, Обединето Кралство и Украина имаат право да се пријавуваат за грантот на Meet and Code. Сите доставени идеи за настан за дигитализирање и програмирање треба да се планираат во рамки на инструкциите на Неделата за програмирање на ЕУ (05 дo 20 октомври 2019), треба да се вклучат децата и младите на возраст од 8 дo 24, и мора да се бесплатни за учесниците. Повеќе детали во делот „Критериуми за финансирање за избор на доставени идеи за проект“.

Кој стои позади Meet and Code?

Софтверската компанија SAP, Германска добротворна организација Haus des Stiftens gGmbH и одредените партнери од земјите членки на мрежата TechSoup Europe се главните организации во позадина на иницијативата Meet and Code.

Иницијативата е финансирана од SAP. Непрофитната организација Haus des Stiftens GmbH ја разви иницијативата. Таа е одговорна за општото управување на проектот, изборот на проекти кои ќе бидат финансирани во Германија, Австрија, и Швајцарија, и ги распределува фондовите кои се достапни преку SAP (во понатамошниот текст „SAP финансии“) на избраните проекти. За останатите земји, Haus des Stiftens gGmbH ја координира дистрибуцијата на SAP финансиите преку партнерите во соодветните земји партнери на мрежата TechSoup Europe. Иницијативата е исто така поддржана од разни посветени спонзори.

Квалификување на организации што аплицираат

Организациите кои се заинтересирани да аплицираат за грантот Meet and Code мора прво да се регистрираат на Meet and Code и нивниот статус на добротворна непрофитна организација да е потврден.

Квалификувањето ќе биде спроведено од партнерот на TechSoup Europe во земјата на организацијата апликант (листата на сите партнери на TechSoup Europe може да ја најдете на: http://www.techsoupeurope.org/where-we-work/). По квалификувањето, овој партнер за квалификување ќе ги пренесе информациите на организацијата што ги обезбедил за време на процесот на квалификување, како и резултатот од квалификацијата на Haus des Stiftens gGmbH за понатамошно ракување.

Поднесување идеја за проект

Проекти ( во понтамошниот текст наведени како „идеи за настан“ ) може да се достават само од регистрирани и квалификувани организации преку формуларот за пријавување на веб-страницата www.meet-and-code.org.

Овластените претставници на организацијата мора да обезбедат детали за нивната организација, детален опис на идејата за настанот и детали за контакт на работа за комуникација во врска со проектот. Секоја организација има право да достави повеќе од една идеја за настан, доколку вклучува значително различни проекти.

Прозорец за поднесување идеи

Непрофитните организации може да достават идеи за настан помеѓу 03.06.2019 и 08.09.2019 заклучно. Одредувачки фактор кој овозможува евалуација на идеи од локален партнер е комплетноста на обезбедните детали и доставување на документите до пријавуавњето .

Евалуација на идејата за настан

Секоја идеја за настан ќе биде оценета од страна на SAP SE и/или компанија на групацијата SAP во земјата на организацијата апликант (листа на сите компании на групацијата SAP група може да се најде на: https://www.sap.com/dam/site/corporate/legal/sap-legal-entities.pdf) и/или Haus des Stiftens GmbH (за апликанти во Германија, Австрија или Швајцарија) или релевантниот партнер во мрежата на TechSoup Europe (за сите други земји).

Доколку идејата се одбие, локалниот партнер на TechSoup Europe partner може - по барање - да ја сподели причината за одбивање со лицето за контакт на организацијата. Организациајта може да достави идеи откако ќе ги ревидира забелешките. Доколку повторно биде одбиен, идејата не може повторно да се достави.

Секој одобрена и спонзорирана идеја за насѕан автоматски ќе биде објавена на веб-страницата www.meet-and-code.org и истата ќе биде видлива за сите корисници.

Период за изведување на финансираните настани

Финансиранта идеја за настан мора да се случи во тек на Неделата за програмирање на ЕУ, од 5 до 20 октомври 2019 год.

Износ на грантот Meet and Code

Секоја идеја за настан која е одобрена за финансирање обично ќе добива 300 € за да започне со работа. Haus des Stiftens gGmbH го задржува правото во индивидуални случаи да го зголеми или да го намали износот на финансирањето на SAP .

Критериуми за финансирање за избирање на доставените идеи за проект

  1. Секој настан мора да биде поврзан со темите на технологијата и програмирањето. Без разлика дали се работи за хекатон на училиште, работилница за Scratch или HTML за членовите ан асоцијацијата или друга група, или семинар на интернет на работи или вештачка интелегенција - настанот мора да биде фокусиран на програмирање.
  2. На секој настан мора да бидат вклучени најмалку 20* деца и млади луѓе на возраст помеѓу 8 и 24 (*нема горна граница).Исто така, можно е настаните да се поделат во два или повеќе делови, при што вкупниот број на учесници би достигнал најмалку 20 деца и млади.
  3. Присуството ан настанот финансиран од иницијативата Meet and Code мора да биде бесплатен аза учесниците.
  4. Настаните се иницирани, менаџирани и водени од самата непрофитна организација. Доставенета непрофитна организација е одговорна за се што ќе се појави во тек на планирањето, организирањето, водењето и следењето на проектот.
  5. Директните и индиректните ресурси за финансирање може да се корисатат за доставените проекти и за добротворни цели.
  6. Ветените средства се исплаќаат на добротворните организации кои можат да го докажат нивниот непрофитен статус. Доказот мора да се обезбеди (и ќе се провери) пред да се достави апликацијата.
  7. Haus des Stiftens gGmbH или, како што е применливо, нивниот партнер во мрежата на TechSoup Europe раководи под сопствена дискреција за наградата откако ќе се исполнат критериумите за избор од организацијата.
  8. Нема автоматско право за причините за одбивање ниту пак законско право на апликантот да дибие грант, дури и кога се исполнети сите услови за финансирање.

Критериуми за исклучување

Следниве идеи за настан се исклучени од финансирање:

  • Настани кои не се развиени и реализирани во една од земјите учеснички
  • Политички или религиозни иницијативи
  • Проекти од кои ќе имаат корист само индивидуалци
  • Проекти кои не поврзани со Meet and Code

Обврска за известување

  1. За финансираните настани

    Секоја финансирана непрофитна организација е обврзана да подготви краток извештај и истиот да го достави во тек на два дена откако се случил настанот. Одредениот претставник од организацијата мора да го стори ова преку одредениот формулар, кој ќе биде испратен преку и-мејл до лицето за контакт пред Европската недела за програмирање.

    Извештајот треба минимално да ги содржи следниве информации:

    • Назив на организацијата
    • Назив на настанот
    • Локација на настанот
    • Датум на настанот
    • Природа на настанот
    • Број и пол на учесниците
    • Најмалку една слика од настанот

    Дополнително, финансираните непрофитни организации треба да изведат истражување за мерење на влијанието меѓу учесниците во нивните настани. На организациите ќе им се обезбеди соодветна анкета, која ќе биде испратена преку и-мејл до лицето за контакт пред Европската недела за програмирање.

  2. За користење на финансиските средства; Потврдување на донацијата

    Организациите фианнсирани од Германија, Австрија и Швајцарија мора на Haus des Stiftens gGmbH да му обезбедат потврда во однос на добиената донација под иницијативата Meet and Code. Организациите финансирани од другите земји може и да не треба да достават посебен формулар до одредените партнери од земјите на ТechSoup Europe мрежата на кој ќе ја потврдат ниванта донација.

  3. Краен рок за доставување

    Потврдите за донациите мора да ги подготват финансираните непрофитни организации во тек на 14 дена од завршување на настанот, евалуацијата мора да биде подготвена и доставена од финансираната непрофитна организација во тек на 48 часа од завршување на настанот.

  • Награди: Трите финалисти од секоја категорија и победникот на јавното гласање ќе добијат покана за награда на настанот за затворање. Настанот за затворање ќе вклучи рамковна програма и работилници, со вклучени патни трошоци, сместување и надоместаок за храна кои ги покрива спонзорот. На двајца од организација им се дозволува да присуствуваат на настанот за доделување награди. Освојувачите на првото место во секоја категорија како и победникот на Јавното гласање ќе добијат дополнителни пари како награда и тоа 2,500 евра.
  • Правен лек и одговорност: Организаторот не презема одговорност за патувањето за настанот за доделување награди. Правниот процес е исклучен.
  • Комуникација со јавност

    Описот на настанот доставен од организациите учесници ќе биде јавно презентиран на веб-страницата meet-and-code.org.

    Партнерите на SAP, Haus des Stiftens gGmbH , TechSoup Europe би сакале да ги користат овие информации, погоре споменатите извештаи и резултати за анкета, и сите дополнителни информации, слики, видеа, логоа и други материјали обесбедени од организациите, како и информации за учесниците и добитниците на наградата со придружните идеи за настан - како дел од нивното известување за Meet and Code.

    Организациите учеснички ќе добијат формулар за согласност за да дозволат таква употреба за јавна комуникација.

    Доколку некој материјал што е обезбеден од некоја организација нарушува некое право на трето лице и како резултат на тоа третото лице покрене правни барања кон SAP, Haus des Stiftens gGmbH и/или било кој партнер на TechSoup Europe, организацијата која го доставила материјалот со кој се нарушени правата, ќе го обештети тоа и нема да дозволи оштетување на засегнатата страна од било какви побарувања од трети лица и трошоци кои се предизвикани од прекршокот.

    Со цел да се зајакне идета на Meet and Code, организациите кои ќе добијат финансии од SAP се обврзани да го користат логото на Meet and Code во нивните односи со јавност и активности поврзани со спонзорираните настани. Коректната употреба на логото е објаснета во инструкции за стилот, кои се дадени во делот за преземање откако ќе се најавите на веб-страницата meet-and-code.org.



    Дополнително, ние ги поттиклнуваме организациите да користат хаштаг на иницијативата: #meetandcode2019 и #SAP4good во нивната комуникација на социјалните мрежи. Meet and Code ќе обезбедат ѕид на социјални медиум на кој ќе бидат наведени сите постирања во кои е споменат хештагот и ќе го презентират на веб страницата на Meet and Code.

    Meet and Code се одржува во тек на Неделата на програмирање на ЕУ има за цел зајакнување на оваа иницијатива низ цела Европа. Поради тоа, ние ги поттикнуваме сите финансирани непрофитни организации исто така да ги пријават нивните Meet and Code настани на веб страницата на „EU Code Week„.

    Одговорности; Обврски

    Непрофитната организација која доставува идеја за настан е одговорна за водење на проектот. Партнерите на иницијативата на ниту еден начин не преземаат одговорност во однос на проектот и неговата реализација. Партнерите во иницијативата не се одговорни за било каква штета, загуба, повреда или недоволна изведба која ќе ја направат учесниците, трети страни или правни субјекти поради регистрирањето или реализацијата на проектот. Ниту партнерите во иницијативата не се одговорни за правните обврски на учесниците за или поради изведбата на проектот, без разлика дали обврските се поврзани со ресурсите за финансирање или не.

    Партнерите во иницијативата не се одговорни за штетите на компјутерите во врска со или поради учество или симнување материјали повразни со иницијативата Meet and Code.

    Откажани проекти; Останати фондови

    Доколку во тек на проектот не се материјализираат или заостануваат фондови по реализацијата на проектот, финансирањето на SAP мора да се користи во рамките на тековната календарска година во согласност со членовите на организацијата за асоцијацијата за слични проекти (на пример теми за програмирање). Обврската да се известува за користењето финансиските средства од страна на организацијата останува непроменета.