Meet and Code Award 2019


2019 verleihen wir zum zweiten Mal den Meet and Code Award an besonders gelungene Veranstaltungsideen. Durch das Hervorheben dieser Best-Practice-Beispiele möchten wir auch andere in noch größerem Maße zu neuen Ideen anregen. Denn digitale Bildung geht uns alle an. Und nur, wenn wir alle zusammenarbeiten, können sich Dinge verändern. Wir suchen die besten Ideen in vier Kategorien sowie einen Publikumsfavoriten.


Категории на награди

Четирите категории на Наградата Meet and Code за 2019 се во линија со Целите за одржлив развој (ЦОР). Meet and Code е во потрага по настани кои придонесуваат кон тие цели и ги комбинираат со идејата за ИТ и кодирање.

Girls do IT! (Девојки во ИТ!)

Темата за еднакви можности и родова еднаквост има важна улога во денешното општество. Оваа категорија награди има за цел да го затвори родовиот јаз во ИТ и кодирањето. Ние сме во потрага по креативни настани кои ги рушат родовите стереотипи и ги оснажуваат девојчињата да кодираат. Примери за настани во оваа категорија би биле “Robotics for girls” или “Code like a girl with Snap!”.

Diversity (Разновидност)

Животот е разновидност. Само разновиден и инклузивен свет може да ја обезбеди нашата иднина. Во категоријата Разновидност ги бараме најдобрите идеи за настани кои ќе ги инспирираат децата и младите. Не само за ИТ и кодирање, туку и за свет со еднакви можности и почитување Со ова, ние мислиме на разновидност кај културна, религиозна и етничка заднина, возраст, род, сексуална ориентација родов идентитет или родово изразување, ментални и физички можности и различни услови за живеење и работење. Настаните на Meet and Code од оваа категорија помагаат да се намалат нееднаквостите и да се промовира ЦОР10. На пример, тие би можече да ги адресираат малолетните затвореници или да се фокусираат на користењето ИТ од страна на лица со пречки во видот и слухот.

Code for the Planet (Кодирај за планетата)

Земјата и нејзината животна средина претставува нежен и сложен систем кој има потреба од грижа. Настаните во оваа категорија комбинираат кодирање и дејствија за планетата. Фокусот треба да биде ставен на тековните прашања и тешкотии поврзани со животната средина со цел да се подигне свеста на младите за овие теми. Сите настани по кодирање кои го подобруваат образованието за климатските промени преку подигање на свеста за оваа тема се вреден придонес кон ЦОР 13. На пример, настаните во оваа категорија може да се однесуваат на мерење на загадувањето на воздухот или алатки за енергетска ефикасност.

Code for your community (Кодирај за твојата заедница)

Локалната заедница е сигурносна мрежа за луѓето кои живеат во неа. Настаните од оваа категорија ги земаат предвид локалните аспекти и обичаи и посветуваат внимание на потребите кои се специфични за заедницата. Настаните треба да спојат луѓе со исти цели, интереси и соседства преку страста да се „собираат и кодираат“ (“meet and code”)! На пример, настаните во оваа категорија би можеле да работат на платформа за Вашето соседство.

Би сакале ли да учествувате во Наградата Meet and Code 2019?

Чекор 1: Регистрација

Може да одберете дали ќе учествувате на Наградата Meet and Code 2019 при регистрирањето на настанот. Ве молиме одберете дали ќе учествувате во јавното гласање или дополнително изберете една од категориите која најмногу одговара на Вашиот настан.

Чекор 2: Јавно гласање

Подигнете ја свеста за Вашиот настан на Meet and Code event и добијте најмногу гласови за да победите на јавното гласање! Почнувајќи од 16 септември па сè до 20 октомври до крајот на денот може да се гласа за секој настан на Meet and Code на веб-страницата за настани на Meet and Code. Организациите ќе собираат гласови со тоа што луѓето ќе гласаат за нивниот настан. За да се брои гласот потребно е да се внесе и потврди адреса на е-пошта. Со една адреса на е-пошта може да се гласа само еднаш.

Со цел да се подигне свеста за настанот и да се охрабрат луѓето да гласаат за одреден настан, тие може да се споделуваат на друштвените медиуми.

НАЈДОБРИТЕ 10 настани од сите земји учеснички ќе бидат прикажани на веб-страницата на Meet and Code за време на гласањето. Најдобрите 3 ќе бидат поканети на Наградниот викенд а победникот ќе добие парична награда.

Чекор 3: Селекција од страна на жирито

Жирито внимателно ќе ги одбере трите финалисти, вклучително и победниците, од четирите категории според соодветните критериуми. Финалистите ќе бидат известени по електронски пат а резултатите ќе бидат објавени на веб-страницата. Победниците на категориите ќе бидат објавени за време на Наградниот викенд.

Покана за Наградниот викенд на Meet and Code и паричната награда

Најдобрите 3 настани од секоја категорија како и најдобрите 3 настани според јавното гласање се финалистите на Наградата Meet and Code 2019. Двајца претставници на непрофитната организација која ги организираше настаните на финалистите ќе бидат поканети на Наградниот викенд. Наградниот викенд ќе се одржи на почетокот на 2020 во Европа

Секој од петте победнички настани ќе добие парична награда во износ од 2.000 €.

Комисија

Членовите на жирито ќе бидат претставени овде.

Осврт на Наградата Meet and Code 2019



Победници на наградата Meet and Code 2018


Категориај Шутирај и програмирај

Asociata Pro Teodor Murasanu, Romania

For their project
“Scratch and… Gooal!”

Категорија Иновација

Globe Community Library at Stokesley, UK

For their project
“Build our own 3D printer”

Категориај Разновидност

Charitable Foundation “Veteran”, Ukraine

For their project
Master class “Profession of a programmer – a step into the future”

Финалисти на наградата Meet and Code 2018

Повеќе од 700 настани учествуваа во Наградата Meet and Code 2018 во три категории на награди. Жирито избра 15 извонредни настани како финалисти. Двајца претставници од секоја организација се поканети на Наградниот викенд во седиштето на САП во Валдорф. Покрај тоа, добитникот на првото место на секоја категорија ќе биде објавен во Валдорф и ќе добие награда од 2.500 евра.


Финалисти на наградата Meet and Code 2018 се:


Категориај Разновидност
Организација Настан Земја
Alr - Associazione Lorenzo Risolo Let's have fun with HTML Италија
Association for people with disabilities Integration Open classes for children with vision and hearing disorder Русија
Charitable Foundation "VETERAN" Master class «Profession of a programmer - a step into the future» Украина
Connect o.z. Creativity in each of us country.sl
Фондация "Яника" Girls in the Code Булгарија
Категорија Иновација
Организација Настан Земја
Association Noosphere 3D-modelling course for high-school pupils “Generation 3D” Украина
Modelarski centar Kutina 3D design of robotic arm in Fusion-360, production and programming Хрватска
Stadtbibliothek Linz Hello World Австрија
The Globe Community Library at Stokesley Build our own 3D Printer Обединето Кралство
The Ural Club of New Trends in Education The Hackathon on computer vision and self-driving cars Русија
Категориај Шутирај и програмирај
Организација Настан Земја
"Children's and youth association - STEP" Public foundation Week of programming and football Казахстан
Asociatia Pro Teodor Murasanu Scratch and... Goooal! Романија
Junior MIAGE Concept The Stadium Code Франција
Stowarzyszenie na Rzecz Dzieci i Młodzieży "Rozwiń skrzydła" LIGA MINDSTORMS Полска
Stowarzyszenie Przyjaciół Szkoły Podstawowej w Dębem Wielkim "Szkoła z uśmiechem" Kodełkowo Полска