За

За Meet and Code

Позади Meet and Code? стојат SAP, Haus des Stiftens gGmbH и соодветните партнери од земјите членки на мрежата TechSoup Europe. SAP ја овозможува иницијативата Meet and Code преку финансиска поддршка и други ресурси за непрофитните организации. Haus des Stiftens gGmbH е одговорна за иницијативата, за избор на проектите во Германија, Австрија и Швајцарија, како и за генерално управување со проектот и координација на финансирањето од страна на одговорните партнери управувачи на земјата од мрежата TechSoup Europe. Партнерит од TechSoup Europe се одговорни за координирање на иницијативата и избор на настаните кои ќе бидат поддржани во нивните земји. Meet and Code е развиена заеднички од страна на Haus des Stiftens и SAP.

Haus des Stiftens, општествено претпријатие во Германија, работи на ИТ-порталот Stifter-helfen во Германија, Австрија и Швајцарија. ИТ-порталот Stifter-helfen обезбедува донации и специјални услови за непрофитни организации во овие држави од добро познати компании од ИТ индустријата како и знаење за модерните технологии. Во Германија, ИТ-порталот беше пуштен во употреба во 2008, во Австрија во 2012 и во Швајцарија во 2013 година.

TechSoup Europe е дел од TechSoup Global Network. Заедно со 24 партнерски организации кои застапуваат различни области: градење капацитети, граѓанско учество, општествени иновации или дигитална инклузија, им помага на повеќе од 400,000 непрофитни организации во 48 европски земји да ги изградат своите капацитети. Мрежата ги опремува носителите на промени со производи од ИТ индустријата, знаење и услуги за да може да придобиваат од технологијата и да се фокусираат на нивната мисија да направат општествена промена.


Цел

Целта на Meet and Code е децата и младите на возраст помеѓу 8 и 24 години да се запознаат со светот на технологијата и програмирањето. Настаните се организираат за да им се покаже на младите колку интересно и забавно може да биде програмирањето и како тоа може да помогне за оживување на идеите. Тие треба да научат како функционира технологијата и како ИТ влијае на секојдневниот живот. Преку истражување на широк спектар дигитални теми и теми од технологија и креативно програмирање, тие ќе се поттикнат да ги развијат дигиталните вештини кои им се потребни за денешниот свет.


Идеја

Неделата за програмирање на ЕУ ќе се одржи од 5-20 октомври, 2019 година и е базирана на идејата за младите советници, советодавна група од поранешниот комесар за Дигитална агенда Нели Крос и е поддржана од Европската комисија. Иницијативата на Meet and Code е да се организираат настани поврзани со науката и технологијата во тек на Неделата за програмирање на ЕУ со 300 € почетни пари за настанот.


Целна група

Целна група на настанот се деца и млади помеѓу 8 и 24 години, кои ќе бидат запознаени со светот на технологијата и програмирањето.


Организатори на настанот

Различни социјални групи, како што се училишта, професионлаци од областа на ИТ, компјутерски клубови или компании може да планираат и да реализираат настани за целната група. Сепак, промоторот и организаторот на настанот мора да бидат добротворна организација, како што е асоцијација, за да го добијат финансирањето.


Апликации

Идеите за настан може да се поднесат онлајн на www.meet-and-code.org од 03.06.2019 до 08.09.2019. Организаторите се добредојдени да поднесат повеќе различни идеи за настани. Секоја идеја за настан се оценува од страна на партнер на TechSoup. Најдобрите идеи ќе добијат пари во форма на грант во износ од најмногу 300 €.

Повеќе информации за условите за учество може да се најдат тука ...


Форми на настанот

Можните настани вклучуваат хакатони, работилници за програмирање, предавања, филмски настани, натпревари, ноќи за програмирање, часови за роботика или други формати. Вашата имагинација е границата.

Доколку Ви треба инспирација или интересни ресурси за настан, презентација или работилница, посетете ја Библиотеката за инспирација на Meet and Code.


Земји

Иницијативата Meet and Code ги поддржува дигиталните настани и настаните за програмирање во следниве земји: Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка Република, Англија, Франција, Германија, Унгарија, Ирска, Италија, Казахстан, Македонија, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Швајцарија,Украина, Белгија, Холандија и Португалија.


Нашиот тим

Запознајте ги членовите на тимовите од сите организации кои се зад Meet and Code. Ние сме одговорни за координирање на иницијативата низ цела Европа.

Тимот на Meet and Code Team на Викендот за доделување награди во март 2019. Од лево кон десно: Микал Шварц, TechSoup Europe; Клеменс Фреде, Stifter-helfen; Клер Гилисен-Дувал, SAP; Филип Треутлајн, SAP; Аниа Ленартовиц, TechSoup Europe; Габриеле Хартман, SAP; Лиса Герстнер, Stifter-helfen; Денис Месер, innofabrik; Марио Страсер, Stifter-helfen; Јерзи Новак, TechSoup Europe.

Запознајте го локалниот тим во Северна Македонија! Тие се грижат лесно да аплицирате за Meet and Code во Вашата земја и секогаш да ја добивате сета поддршка која може да Ви е потребна за време на процесот.

Тимот на Meet and Code за Северна Македонија