Apkārtraksts

Со КОДУ во мисија на Марс

Здружение за унапредување на образованието КОНЕДУ ГЛОБАЛ Скопје

Apraksts Настанот е наменет за ученици од основно образование кои почетно се запознаваат со елементите на кодирањето. Воведот е осмислен преку постоечки игри, како што се: Игра со блокови, преведена на македонски и албански јазик и модели, макети на ровери и роботи.
Самото кодирање е со користење на апликацијата KODU, проект на Microsoft, бесплатно достапен за превземање, со мотото „Hello World!“, а целта е преку создавање виртуелни светови да се поттикне креативноста и научи кодирањето. KODU содржи голем број изработени кодови кои можат да се менуваат и прилагодуваат и се наменети за учење на основи на кодирањето и програмирањето. Постоечките елементи за кодирање, како што се најразновидни терени, карактери, визуелни и аудио објекти овозможуваат едноставно и забавно кодирање и создавање нови светови.
За оваа цел веќе е направена почетната верзија за кодирање која ја нарековме „ Со КОДУ во мисија на Марс“.
За време на активноста учениците ќе бидат поделени во мешани тимови, составени девојчиња и момчиња од различна етничка припадност, и ќе имаат различни улоги како вистински вселенски истражувачи.
Предвидено е активноста да се спроведе во ООУ „Панајот Гиновски“ од Скопје.



Atrašanās vieta

Vecuma grupa 8 - 12

Grūtības pakāpe

Tips Bezsaistes pasākums

Datums 18.10.2019    10:00 - 14:00

Addrese ул. „Ферид Бајрам“ бр. 30
1000 Скопје

Max. dalībnieki 40 Vai vēlaties piedalīties? Lūdzu, sazinieties ar mūsu vietējo kontaktpersonu.

Dalība ir bez maksas.
Meet and Code Balva award2019.category2.title

Kontakti Здружение за унапредување на образованието КОНЕДУ ГЛОБАЛ Скопје Tīmekļa vietne: https://www.konedu.org/
Kontaktpersonas e-pasts: contact@konedu.org

Dalīties sociālajos medijos