Description
Микробитот е алатка која покрај своите сензори и комуникација овозможува кодирање на музика. Девојки од 11-13 години од основни училишта ќе учествуваат на работилница за кодирање на музика со микробит.
Музиката како универзален јазик ќе се искористи за да се привлечат девојчињата да се заинтересираат за кодирањето и професијата програмер.
На работилницата ќе се запознаат со основно кодирање - редоследна структура и циклуси како и наредбите за кодирање на музика.
Секоја учесничка ќе испрограмира по една песна.
Учеснички се ученички од ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино и ООУ „Крсте Мисирков“ - СКопје од 8 и 9 одделение.