Descripción
Настанот е наменет за ученици од основно образование кои почетно се запознаваат со елементите на кодирањето. Воведот е осмислен преку постоечки игри, како што се: Игра со блокови, преведена на македонски и албански јазик и модели, макети на ровери и роботи.
Самото кодирање е со користење на апликацијата KODU, проект на Microsoft, бесплатно достапен за превземање, со мотото „Hello World!“, а целта е преку создавање виртуелни светови да се поттикне креативноста и научи кодирањето. KODU содржи голем број изработени кодови кои можат да се менуваат и прилагодуваат и се наменети за учење на основи на кодирањето и програмирањето. Постоечките елементи за кодирање, како што се најразновидни терени, карактери, визуелни и аудио објекти овозможуваат едноставно и забавно кодирање и создавање нови светови.
За оваа цел веќе е направена почетната верзија за кодирање која ја нарековме „ Со КОДУ во мисија на Марс“.
За време на активноста учениците ќе бидат поделени во мешани тимови, составени девојчиња и момчиња од различна етничка припадност, и ќе имаат различни улоги како вистински вселенски истражувачи.
Предвидено е активноста да се спроведе во ООУ „Панајот Гиновски“ од Скопје.