Infoleht

Со КОДУ во мисија на Марс

Здружение за унапредување на образованието КОНЕДУ ГЛОБАЛ Скопје

Kirjeldus Настанот е наменет за ученици од основно образование кои почетно се запознаваат со елементите на кодирањето. Воведот е осмислен преку постоечки игри, како што се: Игра со блокови, преведена на македонски и албански јазик и модели, макети на ровери и роботи.
Самото кодирање е со користење на апликацијата KODU, проект на Microsoft, бесплатно достапен за превземање, со мотото „Hello World!“, а целта е преку создавање виртуелни светови да се поттикне креативноста и научи кодирањето. KODU содржи голем број изработени кодови кои можат да се менуваат и прилагодуваат и се наменети за учење на основи на кодирањето и програмирањето. Постоечките елементи за кодирање, како што се најразновидни терени, карактери, визуелни и аудио објекти овозможуваат едноставно и забавно кодирање и создавање нови светови.
За оваа цел веќе е направена почетната верзија за кодирање која ја нарековме „ Со КОДУ во мисија на Марс“.
За време на активноста учениците ќе бидат поделени во мешани тимови, составени девојчиња и момчиња од различна етничка припадност, и ќе имаат различни улоги како вистински вселенски истражувачи.
Предвидено е активноста да се спроведе во ООУ „Панајот Гиновски“ од Скопје.



Asukoht

Vanuserühm 8 - 12

Raskusaste

Liik Veebiväline üritus

Kuupäev 18.10.2019    10:00 - 14:00

Aaderess ул. „Ферид Бајрам“ бр. 30
1000 Скопје

Maksimaalne osalejate arv 40 Kas soovite osaleda? Sel juhul palume võtta ühendust meie kohaliku kontaktisikuga.

Osalemine on tasuta
Meet and Code Award award2019.category2.title

Kontakt Здружение за унапредување на образованието КОНЕДУ ГЛОБАЛ Скопје Veebisaid: https://www.konedu.org/
Kontaktisiku e-posti aadress: contact@konedu.org

Jaga sotsiaalmeedias