Newsletter

Андроид ни помага да се дружиме и кодираме

Здружение за унапредување на образованието КОНЕДУ ГЛОБАЛ Скопје

Beschreibung Овој настан е осмислен за ученици од основно образование кои уште од раната возраст, низ различни предмети, се запознаваат со елементите на кодирањето. Можноста која ја нуди Андроид оперативниот систем, како достапен на паметните уреди и бесплатен, е идеален за образовната, но и забавната намена, со што се дава употребливост на телефоните и таблетите во наставата.
Од друга страна, користењето на Андроид кутиите (Android box), кои може да се поврзат на поголем екран или ЛЦД бим, дава можност за активности со поголема група деца.
Воведните активности се планирани да се организираат преку едноставни примери и игри како што се Lightbot, SpriteBox, Algorithm City и ScratchJr.
Понапредното кодирање е планирано да се претстави преку blockchain платформи за изработка на Андроид апликации со што учениците ќе имаат можност сами да кодираат (создадат) своја Андроид апликација.
За време на настанот учениците ќе работат индивидуално и во мешани тимови (со различни способности и од различни етнички групи), при што ќе учат, ќе работат тимски и ќе соработуваат, осмислуваат и кодираат.

Предвидено е активноста да се спроведе во ООУ „Аврам Писевски“ село Бардовци, Скопје.



Veranstaltungsort

Altersgruppe 8 - 14

Schwierigkeitsgrad

Typ Offline-Event

Datum 16.10.2019    10:30 - 14:30

Adresse ул. 2 бр. 10 Село Бардовци
1000 Скопје

Max. Teilnehmerzahl 40 Sie möchten am Event teilnehmen? Dann kontaktieren Sie bitte den unten genannten Ansprechpartner.

Die Teilnahme ist kostenlos.
Meet and Code Award Diversity

Kontakt Здружение за унапредување на образованието КОНЕДУ ГЛОБАЛ Скопје Website: https://www.konedu.org/
E-Mail des Ansprechpartners: contact@konedu.org

Auf Social Media teilen