Со КОДУ во мисија на Марс

Здружение за унапредување на образованието КОНЕДУ ГЛОБАЛ Скопје

Popis Настанот е наменет за ученици од основно образование кои почетно се запознаваат со елементите на кодирањето. Воведот е осмислен преку постоечки игри, како што се: Игра со блокови, преведена на македонски и албански јазик и модели, макети на ровери и роботи.
Самото кодирање е со користење на апликацијата KODU, проект на Microsoft, бесплатно достапен за превземање, со мотото „Hello World!“, а целта е преку создавање виртуелни светови да се поттикне креативноста и научи кодирањето. KODU содржи голем број изработени кодови кои можат да се менуваат и прилагодуваат и се наменети за учење на основи на кодирањето и програмирањето. Постоечките елементи за кодирање, како што се најразновидни терени, карактери, визуелни и аудио објекти овозможуваат едноставно и забавно кодирање и создавање нови светови.
За оваа цел веќе е направена почетната верзија за кодирање која ја нарековме „ Со КОДУ во мисија на Марс“.
За време на активноста учениците ќе бидат поделени во мешани тимови, составени девојчиња и момчиња од различна етничка припадност, и ќе имаат различни улоги како вистински вселенски истражувачи.
Предвидено е активноста да се спроведе во ООУ „Панајот Гиновски“ од Скопје.



Místo konání

Věková skupina 8 - 12

Obtížnost

Typ Off-line akce

Datum 18.10.2019    10:00 - 14:00

Adresa ул. „Ферид Бајрам“ бр. 30
1000 Скопје

Max. počet účastníků 40 Chcete se zúčastnit? Kontaktujte naši místní kontaktní osobu.

Účast na akci je zdarma
Meet and Code Award Diversity (Rovné příležitosti)

Kontakt Здружение за унапредување на образованието КОНЕДУ ГЛОБАЛ Скопје Webové stránky: https://www.konedu.org/
E-mailová adresa kontaktní osoby: contact@konedu.org

Sdílet na sociálních sítích