Newsletter

Андроид ни помага да се дружиме и кодираме

Здружение за унапредување на образованието КОНЕДУ ГЛОБАЛ Скопје

Описание Овој настан е осмислен за ученици од основно образование кои уште од раната возраст, низ различни предмети, се запознаваат со елементите на кодирањето. Можноста која ја нуди Андроид оперативниот систем, како достапен на паметните уреди и бесплатен, е идеален за образовната, но и забавната намена, со што се дава употребливост на телефоните и таблетите во наставата.
Од друга страна, користењето на Андроид кутиите (Android box), кои може да се поврзат на поголем екран или ЛЦД бим, дава можност за активности со поголема група деца.
Воведните активности се планирани да се организираат преку едноставни примери и игри како што се Lightbot, SpriteBox, Algorithm City и ScratchJr.
Понапредното кодирање е планирано да се претстави преку blockchain платформи за изработка на Андроид апликации со што учениците ќе имаат можност сами да кодираат (создадат) своја Андроид апликација.
За време на настанот учениците ќе работат индивидуално и во мешани тимови (со различни способности и од различни етнички групи), при што ќе учат, ќе работат тимски и ќе соработуваат, осмислуваат и кодираат.

Предвидено е активноста да се спроведе во ООУ „Аврам Писевски“ село Бардовци, Скопје.



Местоположение

Възрастова група 8 - 14

Трудност

Вид Офлайн събитие

Дата 16.10.2019    10:30 - 14:30

Адрес ул. 2 бр. 10 Село Бардовци
1000 Скопје

Макс. брой участници 40 Искате да участвате? Моля свържете се с лицето за контакти.

Участието е безплатно
Награда Запознайте се и програмирайте Diversity (многообразие)

Контакт Здружение за унапредување на образованието КОНЕДУ ГЛОБАЛ Скопје Уеб-страница: https://www.konedu.org/
Електронна поща на лице за контакт: contact@konedu.org

Споделяне в социални медии