Со КОДУ во мисија на Марс

Здружение за унапредување на образованието КОНЕДУ ГЛОБАЛ Скопје

Description Настанот е наменет за ученици од основно образование кои почетно се запознаваат со елементите на кодирањето. Воведот е осмислен преку постоечки игри, како што се: Игра со блокови, преведена на македонски и албански јазик и модели, макети на ровери и роботи.
Самото кодирање е со користење на апликацијата KODU, проект на Microsoft, бесплатно достапен за превземање, со мотото „Hello World!“, а целта е преку создавање виртуелни светови да се поттикне креативноста и научи кодирањето. KODU содржи голем број изработени кодови кои можат да се менуваат и прилагодуваат и се наменети за учење на основи на кодирањето и програмирањето. Постоечките елементи за кодирање, како што се најразновидни терени, карактери, визуелни и аудио објекти овозможуваат едноставно и забавно кодирање и создавање нови светови.
За оваа цел веќе е направена почетната верзија за кодирање која ја нарековме „ Со КОДУ во мисија на Марс“.
За време на активноста учениците ќе бидат поделени во мешани тимови, составени девојчиња и момчиња од различна етничка припадност, и ќе имаат различни улоги како вистински вселенски истражувачи.
Предвидено е активноста да се спроведе во ООУ „Панајот Гиновски“ од Скопје.



Lieu

Tranche d'âge 8 - 12

Niveau

Type Événement en présentiel

Date 18.10.2019    10:00 - 14:00

Adresse ул. „Ферид Бајрам“ бр. 30
1000 Скопје

Participants max. 40 Vous voulez participer ? Veuillez contacter notre responsable local.

La participation est gratuite
Les prix Meet and Code "Diversity"

Contact Здружение за унапредување на образованието КОНЕДУ ГЛОБАЛ Скопје Site web: https://www.konedu.org/
Adresse e-mail du contact: contact@konedu.org

Partager sur les réseaux sociaux