забелешка за заштита на податоци


Како оператори на веб-страницата www.meet-and-code.org, ние во Haus des Stiftens gGmbH сме задоволни што ја користите нашата веб-страница и што се интересирате за нас. Заштитата на вашите лични податоци при посетата на нашата веб-страница е важна за нас.

Со оваа изјава, ние би сакале да ве известиме за личните податоци кои ги собираме во однос на вашата посета на нашата веб-страница и за кои цели би се користела.

Поради понатамошен развој на нашата понуда или поради промени на правните или службени барања, можеби ќе биде потребно да се смени оваа политика за приватност. Ве молиме да ја читате оваа политика за приватност секогаш кога е можно при секоја посета на веб-страницата.

  1. Лични податоци

    Личните податоци се податоци кои вклучуваат индивидулани детали за личните или фактички состојби на идентификувано или препознатливо d лице. Анонимизираните или статистички податоци кои не можат да се поврзат со вашиот идентитет, или можат но само со диспропороционални напори не се сметаат за личен податок.

    Во принцип, вие може да пребарувате на нашата веб-страница без да го откривате вашиот идентитет. Сепак, личните податоци кои се подолу детално наведени се собираат при посетата на нашата веб-страница.

  2. Обработување на апликациите за грант и пријавувања за награда

    a) Доколку вие и вашата организација се пријавите за грант и учество за награда, ние ги собирамe и обработуваме различните податоци како дел од процесот за пријавување. Ние примарно собираме информации за вашата организација , но делумно и лични податоци ( име, имејл, позиција во организацијата и телефонски број на лицето за контакт).

    Сите податоци кои се собрани тука ние ќе ги обработиме за единствена цел да ви обезбедиме пристап до процесот за доделување грант и да ви овозможиме учество за награда. Правната основа за обработаката е Член 6 (1) (1) (b) EU GDPR.

    b) Освен Германија, Австрија и Швајцарија, земјите партнери на мрежата на TechSoup Europe се одговорни за доделување грантови за финансирање на настанот. Поради тоа, вашите лични податоци во овие други земји исто така ќе бидат пренесени од нас до соодветните земји партнери на мрежата TechSoup Europe. TechSoup не профитна организација со седиште во САД која обезбедува производи и услуги за непрофитниот сектор низ целиот свет. Правната основа за ова е Член 49 (1) (1) (б) од EU GDPR.

    Покрај тоа, вашите лични податоци нема да бидат пренесени на трети лица доколку ние не сме правно обврзани да ги прикажеме но во индивидуални случаи (Член 6 (1) реченица 1 под c) од EU GDPR) доколку е неопходно да се потврдат или одбранат правните барања вие имате предоминантен легитимен интерес на -прикажување на вашите податоци (Член 6 (1) реченица 1 (f) DS-BER).

    c) Исто така, ние би сакале да ги задржиме добиените податоци по завршување на овогодинешниот Meet and Code со цел да ве информираме за идните понуди и да можеме да ги оптимизираме нашите служби. Ве молиме ад го прочитате следниов параграф 4 со цел да добиете повеќе информации за ова - вклучително и за вашите права за повлекување.

  3. Обработување на личните податоци за цели на директно комуницирање преку мејл

    Дополнително, ние ќе ги употребиме личните податоци кои вие ќе ги дадете во контекст на вашата апликација за финансирање на настанот, да ве информираме телефонски или преку и -мејл за новите понуди од нас и нашите партнери, и доколку е потребно, да побараме ваши повратни резулати. За ова вие ни давате дозвола како дел од вашето пријавување на нашата веб страница. Правната основа за обработка на податоците е Член 6 (1) (1) (a) EU GDPR.

    Вие имате право да ја повлечете вашата дозвола во било кое време без да влијаете на законитоста на обработката врз основа на дозволата за повлекување. Ве молиме да го испратите вашето барање за повлекување на Haus des Stiftens gemeinnützige GmbH at macedonia@meet-and-code.org? . Дополнителн ово контекст на секоја комуникација ние ви нудиме можност за спречување понатамошни комуницирања од овој вид.

  4. Обработување на личните податоци за оптимизација на веб-страницата

    Кога ќе ја посетите нашата веб-страница , ние ги чуваме и обработуваме различните податоци со цел да ги анализираме и оптимизираме вашите активности на интернет. Ние користиме алатаки за веб аналитика кои се подолу наведени. Ние ги обработуваме личните податоци во согласност со Член 6 параграф 1 став 1 под f) од EU-GDPR со цел да осигуриме безбедност на системот (на пр. да спречиме злоупотреба) и да ги откриеме грешките. Ние, исто така прибираме статистички податоци за активности поврзани со маркетинг само доколку не откриеме дека ова би било во конфликт со важните интереси на корисникот. За секоја алатка за веб-аналитика вие може да најдете опис за тоа како може да спречите анализа на на вашата посета на домашната страница.

    a) Запис на фајлови

    Кога ја посетувате нашата веб-страница, не се креираат специфични информации за протокол (запис на фајлови) кои би дозволиле креирање заклучоци за индивидуалните корисници .

    Ние ги собираме вкупните податоци za користење на веб-страницата за статистички цели, поради безбедносни причини ( на пр. спречување злоупотреба), или откривање грешка за оптимизирање на нашата веб-страница.

    b) Колачиња

    „Колачиња“ (cookies) се мали текст-фајлови испратени од веб-серверот на веб-серверот од посетителот, тие се зачувани таму и се подготвени за последователно вчитување и може да се анализираат за користењето на веб-страницата. Ние ги користиме т.н колачиња за сесија на различни сајтови со цел вашата посета на нашата веб-страница да биде поатрактивна и да ни овозможи користење на посебни функции. Овие се бришат автоматски на крајот на вашата сесија на пребарување.

    Ние, исто така користиме и трајни колачиња, кои примарно се користат за можат вам како посетител на нашата веб-страница да ви обезбедат постојано повторување на поставките. Во тек на нивниот корисен период на траење, колачиеата, исто така ни овозможуваат да анализираме како вие ја користите веб-страницата. Со ова ние можеме да ја адаптираме веб-страницата индивидуално според вашите желби.

    Во оваа насока ние ги чуваме вашите податоци без да се реферираме на вашиот идентитет, и не креираме кориснички профили.

    Вие може да го блокирате складираањето колачиња на вашиот компјутер со промена на поставките на пребарувачот за да не се прифатат колачињата. Сепак, со ова може да се ограничат функциите кои ние ги нудиме Онлајн или нашите услуги во вакви услови.

    c) Гугл аналитика (Google Analytics)

    На оваа веб-страница се користи Гугл аналитика, анализа на веб-страница обезбедена од Google Inc. ('Google').Во Гугл аналитика се користат т.н колачиња, текст фајлови кои се зачувани на вашиот компјутер а со кои се овозможува анализа за тоа како го користите веб-сајтот. Информациите генерирани со колачиња за вашето користење на веб-сајтот вообичаено се испраќаат и се чуваат на серверот на Google во САД. Ние би сакале да истакнеме дека IP анонимностa е овозможена на оваа веб-страница, т.e. Гугл ја скратува вашата IP адреса во рамки на земјите членки на Европската унија или други земји потписнички на претходниот Договор за Европска економска област. Вашата целосна IP адреса се испраќа и се скратува на Гугл серверот во САД само во исклучителни случаи. Гугл ќе ја искористи оваа информација во име на Haus des Stiftens со цел да го анализира вашето користење на веб-страницата, ќе ги собере податоците за активноста на веб, и ќе ни обезбеди дополнителни услуги поврзани со користење на веб-сајтот и интернет . IP адресата испратена од вашиот пребарувач со Гугл аналитика не се испраќа со други податоци на Гугл.

    Plugin на пребарувачот

    Вие може да го блокирате чувањето на колачињата со соодветно поставување на вашиот пребарувач, сепак би сакале да истакнеме дека во овој случај нема да бидете во можност да ги користите сите функции на оваа веб-страница ( види погоре). Дополнително, вие може да го спречите испраќањето податоци генерирани со колаче кои се однесуваат на вашето користење на веб-сајтотот ( вклучително вашата ИП адреса) како и обработка на овие податоци од Гугл преку симнување и инсталирање на дополнителниот модул (browser plugin) достапен на следниов линк (http://tools.google.com/dlpage/gaoptout?hl=de).

    Приговор за собирање податоци

    Вие може да спречите собирање на вашите податоци преку Гугл аналитика со кликнување на следниов линк. Оpt-out колачето ќе биде поставено за да спречи собирање на вашите податоци при следните посети на овој сајт:
    Оневозможете Гугл аналитика

    d) Следење разговор на Гугл

    Овој веб-сајт ја користи онлајн програмата за рекламирање „Google AdWords“ и следење на разговорот во рамки на Google AdWords. Колачето за следење на разговорот е поставено на пребарувачор на корисникот, доколку кликнете на реклама (ad) испорачана од Google. Колачињата се мали текст фајлови кои интернет пребарувачот ги мести на вашиот пребарувач. Овие колачиња ја губат важноста по 30 дена. Тие не се користат за добивање на личните податоци за идентификација. Доколку корисникот посети одредена страница на оваа веб-страница и колачето не изминало, тогаш ние и Google ќе можеме видиме дека корисникот кликнал на рекламата (ad) и бил препратен на оваа страница. Секој клиент на Google AdWords добива различно колаче. Поради тоа колачите нема да можат да се следат преку веб-страницата на клиентите на AdWords. Информациите собрани со колачињата за разговор се користат за да обезбедат вкупни статистики за разговор на клиентите на AdWord кои се одлучиле за следење на разговор. Клиентите се информирани Клиентите се информирани за вкупниот број кои кликнале на реклама (ad) и биле препратени на страница за следење на разговорот. Сепак, тие не добиват информации кои им овозможуваат да ги идентификуваат корисниците лично. Доколку не сакате да учествувате на програмата за следење, вие исто ја одбивате бараната поставка за колаче - на пример, преку поставката на пребарувачот која генерално оневозможува автоматски поставки на колачињата. Вие исто така може да оневозможите колачињаа за следење на разговор со поставка на пребарувачот за блокирање колачиња од домеинот "googleadservices.com".

  5. Линкови до други веб -страници

    Нашата веб-страница содржи линкови до надворешни веб- страници кои можат да користат колачиња и да собираат и обработуваат лични податоци. Ние немаме контрола на тоа и не сме во можност однашпред да ве информираме. Оваа декларација за заштиата на податоци се применува единствено за нашата веб-страница. Страниците кои се поврзани и од нашите вен-страници не се покриени со ова.

  6. Социјални медиуми

    Социјалните модули Facebook и Twitter се стандардно оневозможени на нашата веб-страница. За да користите дополнителен социјален модул вие мора да го активирате со кликнување на соодветното копче. Се додека не се активира социјалниот дополнителен модул, нема да се пренесуваат податоци. По активирањето, социјалниот дополнителен модул се поврзува со серверите на Facebook и Twitter и останува активен се додека вие не го деактивирате повторно или го избришете вашето колаче (види „Cookies"). Со активацијата се воспоставува директна поврзаност со серверот на одредениот провајдер. Содржината на социјалниот дополнителен модул се пренесува од провајдерот директно на вашиот пребарувач, со што ова се интегрира на посетената веб-страница. Поради тоа, ние немаме влијание на количината на податоци собрани преку социјалниот дополнителен модул.

  7. Google Maps

    нашата веб-страница користи и Google Maps некои подстраници за да прикаже интерактивни мапи и да креира насоки за возење. Google Maps е сервис за мпа кој го обезбедува Google Inc. Со користење на Google Maps, информациите за користењето на оваа веб-страница вклучително и вашата IP адреса, може ад биде пренесено на Google во Соединетите Американски Држави.

    Кога користите страница која содржи Google Maps, вашиот пребарувач воспоставува директна врска со серверите на Google. Содржините на мапата се пренесуваат од Гугл директно на вашиот пребарувач и се интегрираат на веб-страницата. Поради тоа, ние немаме контрола врз степенот на податоци собрани со Google на овој начин.

    Доколку не сакате Google да ги собира, обработува или користи информациите за вас преку нашата веб-страница, вие може да го оневозможите JavaScript во поставките на вашиот пребарувач. Сепак, но во овој случај вие нема да може да го користите надгледувачот на мапата.

    За повеќе информации за целта и опсегот на собирање податоци, како и дополнителната обработка и користење на податоците од Google, вашите права и поставки за приватност, ве молиме да се реферирате на Политиката на прватност на Гугл на http://www.google.de/intl/de/policies/privacy/.

  8. Вашите права во однос на обработка на вашите лични податоци

    На ваше барање, ние во секое време ќе ви обезбедиме информации за вашите лични податоци обработени од нас ( за детален опис на доменот на вашите права за информации, види Член 15 EU GDPR). Сепак, дали треба да се појави во индивидуални случаи покрај нашите напори да се обезбедат точни и ажурирани податоци, кога се чуваат неточни или непотполни податоци на ваше барање тоа веднаш ќе се поправи (Член. 16 EU GDPR). Доколку сакате да ги избришете вашите лични податоци кои ние ги чуваме, ова барање ќе се почитува веднаш доколку бришењето не се коси со стутарната документација или обврските за задржување или пак правата за обработка (Член. 17 EU GDPR). Како алтернатива на бришењето, вие може само да побарате ограничување на обработкаат на податоците доколку сметате декаа податоците се некоректни или дека обработката е незаконска или доколку податоците веќе не се потребни но вие треба да ги потврдите, исполните или браните вашите законски права (Член. 18 DS-BER). Доколку вашите лични податоци се обработуваат врз основа на легитимните интереси и во согласност со Член 6 (1) став 1 под f од Општата регулатива за заштита на податоци, вие имате право на приговор за обработката на вашите лични податоци, доколку причините за ова произлегуваат од вашата состојба (Член. 21 GDPR). Дополнително, вие имате право во секое време да добиете податоци кои ни се нам достапни во структуриран, препознатлив и читлив формат или да побарате пренос на друг (Член. 20 EU GDPR).

    Доколку сметате дека управувањето со податоцитѕе кои ги добивате не е доследно според Европската општа регулатива за заштита на податоци (DSD), вие имате право да поднесете приговор во било кое време до регулативните власти во вашето место на живеење или вработување или во нашата регистрирана канцеларија (Член. 77 EU GDPR).

    Сите ваши прашања и желби кои се однесуваат на заштитата и се наведени тука треба да се упатат до нашата адреса за контакт наведена подолу.

  9. Службеник за контрола и заштита на податоците

    Одговорен за обработка на податоците во оваа изјава е:

    Haus des Stiftens gemeinnützige GmbH
    Landshuter Allee 11
    80637 Munich
    Tелефон: 089 744 200 210
    Имејл: muenchen@hausdesstiftens.org

    Адреса за контакт за вашите прашања и барања во однос на приватноста:

    Фондација за интернет и општество „Метаморфозис„
    „Ул. Апостол Гусларот„ бр. 40
    1000 Скопје
    Телефон: +389 2 3109 325
    Имејл: macedonia@meet-and-code.org

    Вие исто така може директно да го контактирате нашиот службеник за заштита на податоци:

    Dr. Gregor Scheja
    Scheja and partner lawyers
    Adenauerallee 136
    53113 Bonn
    http://www.scheja-partner.de

    May 2018