Услови за учество


Критериуми за квалификација за грантот Meet and Code

Само непрофитни организации од Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка Република, Англија, Франција, Германија,Унгарија, Ирска, Италија, Казахстан, Mакедонија, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Швајцарија и Украина имаат право да се пријавуваат за грантот на Meet and Code. Сите доставени идеи за настан за дигитализирање и програмирање треба да се планираат во рамки на инструкциите на Неделата за програмирање на ЕУ (06 дo 21 октомври 2018), треба да се вклучат децата и младите на возраст од 8 дo 24, и мора да се бесплатни за учесниците. Повеќе детали во делот „ Критериуми за финансирање за избор на доставени идеи за проект “.

Кој стои позади Meet and Code?

SAP, Германска добротворна организација Haus des Stiftens gGmbH и одредените партнери од земјите членки на мрежата TechSoup Europe се во позадина на иницијативата Meet and Code.

Иницијативата е финансирана од SAP. Непрофитната организација Haus des Stiftens GmbH ја разви иницијативата и е одговорна за избор на проекти кои ќе бидат финансирани во Германија, Австрија, и Швајцарија, како и фондови кои се достапни преку SAP за препраќање (во понатамошниот текст „SAP фондови“). Дополнително, Haus des Stiftens gGmbH ги координира финансиите на проектот преку партнерите во соодветните земји партнери на мрежата TechSoup Europe одговорна за останатите земји. Иницијативата е исто така поддржана од разни посветени спонзори.

Поднесување идеја за проект

Проекти ( во понтамошниот текст наведени како „идеи за настан“ ) може да се достават преку формуларот за пријавување на веб-страницата www.meet-and-code.org. Идеи за настан може да се доставуваат од организации кои имаат статус непрофитен во нивната земја.

Овластените претставници на организацијата мора да обезбедат детали за нивната организација и да внесат детален опис на идејата за настанот и деталите за контакт. Секоја организација има право да достави повеќе од една идеја за настан, доколку вклучува значително различни проекти.

Прозорец за поднесување идеи

Непрофитните организации може да достават идеи за настан помеѓу 04.06.2018 и 15.09.2018 заклучно. Одредувачки фактор кој овозможува евалуација на идеи од локален партнер е комплетноста на обезбедните детали и доставување на документите до пријавуавњето .

Евалуација на идејата за настан

Секоја идеја за настан ќе биде евалуирана од Haus des Stiftens GmbH или, според применливото, партнерот на TechSoup Europe мрежата. По четири недели претставниците од организацијата ќе бидат известени преку и -мејл дали поднесената идеја ќе биде финансирана или не.

Доколку идејата се одбие , локалниот партнер на TechSoup Europe partner може - на барање на непрофитната организација - со одговорното лице да ја сподели причината за одбивање. Организациајта може да достави идеи откако ќе ги ревидира забелешките. Доколку повторно биде одбиен, идејата не може повторно да се достави.

Секој одобрена и спонзорирана идеја за насѕан автоматски ќе биде објавена на веб-страницата www.meet-and-code.org и истата ќе биде видлива за сите корисници.

Период за изведување на финансираните настани

Финансиранта идеја за настан мора да се случи во тек на Неделата за програмирање на ЕУ, од 6 до 21 октомври 2018 год.

Износ на грантот Meet and Code

Секоја идеја за настан која е одобрена за финансирање добива 300 € за да започне со работа. Haus des Stiftens gGmbH го задржува правото во индивидуални случаи да го зголеми или да го намали износот на финансирањето на SAP .

Критериуми за финансирање за избирање на доставените идеи за проект

  1. Секој настан мора да биде поврзан со темите на технологијата и програмирањето. Без разлика дали се работи за хекатон на училиште, работилница за Scratch или HTML за членовите ан асоцијацијата или друга група, или семинар на интернет на работи или вештачка интелегенција - настанот мора да биде фокусиран на програмирање.
  2. На секој настан мора да бидат вклучени најмалку 20* деца и млади луѓе на возраст помеѓу 8 и 24 (* нема горна граница).
  3. Присуството ан настанот финансиран од иницијативата Meet and Code мора да биде бесплатен аза учесниците.
  4. Настаните се иницирани, менаџирани и водени од самата непрофитна организација. Доставенета непрофитна организација е одговорна за се што ќе се појави во тек на планирањето, организирањето, водењето и следењето на проектот.
  5. Директните и индиректните ресурси за финансирање може да се корисатат за доставените проекти и за добротворни цели.
  6. Ветените средства се исплаќаат на добротворните организации кои можат да го докажат нивниот непрофитен статус. Доказот мора да се обезбеди кога се доставува апликацијата.
  7. Haus des Stiftens gGmbH или, како што е применливо, нивниот партнер во мрежата на TechSoup Europe раководи под сопствена дискреција за наградата откако ќе се исполнат критериумите за избор од организацијата.
  8. Нема автоматско право за причините за одбивање ниту пак законско право на апликантот да дибие грант. Ниту пак постои обврска за изведување кога ќе се исполнат упатствата за финансирање .

Критериуми за исклучување

Следниве идеи за настан се исклучени од финансирање:

  • Настани кои не се развиени и реализирани во една од земјите учеснички
  • Политички или религиозни иницијативи
  • Проекти од кои ќе имаат корист само индивидуалци
  • Проекти кои не поврзани со Meet and Code
  • Проекти кои не се поврзани со Meet and Code

Должност за известување

  1. За финансираните настани

    Секоја финансирана непрофитна организација е обврзана да подготви краток извештај и истиот да го достави во тек на два дена откако ќе се случи настанот. Одредениот претставник од организацијата мора да го стори ова преку формуларот на следнава веб-страница www.meet-and-code.org.

    Извештајот треба минимално да ги содржи следниве информации:

    • Назив на организацијата
    • Назив на настанот
    • Локација на настанот
    • Датум на настанот
    • Природа на настанот
    • Број и пол на учесниците

    Кога се обезбедува информативен материјал, особено слики и видеа, организациите се обврзани да ги почитуваат применливите закони и да ги изземат Haus des Stiftens gGmbH и партнерите од сите тврдења од трети страни, на пример поради кршење на авторски права, права на трговски марки, други права на инсдустриска сопственост или други права и да ги обештетат во оваа насока. Може да се барааи изјави за согласност за да се зачуваат правата на приватност да луѓето кои се избрани ( особено во случај на малолетници со потпис на нивните родители).

    Дополнително, финансираните непрофитни организации треба да изведат истражување за мерење на влијанието меѓу учесниците во нивните настани. На организациите ќе им се обезбеди анкета на веб-страницата website www.meet-and-code.org.

  2. За користење на финансиските средства; Потврдување на донацијата

    Организациите фианнсирани од Германија, Австрија и Швајцарија мора на Haus des Stiftens gGmbH да му обезбедат потврда во однос на добиената донација под иницијативата Meet and Code. Организациите финансирани од другите земји може и да не треба да достават посебен формулар до одредените партнери од земјите на ТechSoup Europe мрежата на кој ќе ја потврдат ниванта донација.

  3. Краен рок за доставување

    Потврдите за донациите мора да ги подготват финансираните непрофитни организации во тек на 14 дена од завршување на настанот, евалуацијата мора да биде подготвена од финансираната непрофитна организација во тек на 48 часа од завршување на настанот.

Награда

Оваа година, SAP со задоволство ќе ги награди најдобрите идеи за настан од земјите учеснички како дел од Meet and Code 2018 иницијативата. Учеството е волунтерско и треба да се почитуваат следниве услови:

  1. Организатор на наградата е SAP.
  2. Цел на наградата е да се изнајдат врвните примери за настани со кои децата и младите ќе се подготват за дигиталниот свет и ќе се поттикне нивната имагинација. Најдобрите идеи за настан за секоја од трите категории опишани подолу од земјите учеснички ќе биде презентирана на настанот на затворање во седиштето на SAP.
  3. Пријавување: Организациите кои ќе се пријават за спонзорство на настан од Meet and Code, при пријавувањето може да определат дали и во која категорија тие би сакале да учестуваат.
  4. Евалуацијата се прави особено според следниве критриуми:
    • Kick and Code (годишна тема)

      Настаните на Meet and Code кои бараат решавање на ИТ проблем со фудбал или го користат фудбалот како тема за да го доближаат програмирањето до децата. Ние бараме настани кои ги поврзуваат овие две теми на креативен и корисен начин со цел да се достигне целната група и да се доближат до светот на програмирањето и на ИТ.

    • Innovation

      Настаните на Meet and Code развиваат или промовираат креативни наставни методи и/или истражуваат тековни ИТ дигитални теми. Ние бараме настани кои на иновативен начин досегнуваат до целната група и ја поврзвуваат со темите поврзани со ИТ како и со настани кои избираат иноватни, ориентирани кон иднината и нападни технологии како IoT, Blockchain, AI, 3D printing, итн.

    • Diversity

      Настаните Meet and Code кои користат ИТ или други дигитални теми за да ги упатат и намалат нееднаквостите присутни во нивните заедници или воопшто во општеството. Ние бараме настани кои ги зголемуваат еднаквите можности, промовираат толеранција и ги укинуваат нееднаквостите базирани на пол, раса, религија, попречености, општествен и економски статус итн.

  5. Право имаат сите организации кои добиле финансирање од Meet and Code за нивната идеја за настан. Вработените кај организаторот како и јави личности и вработени во јавни служби се исклучени од натпреварување.
  6. Процес:
    • Round 1

      Во првиот круг, настаните се натпреваруваат едни против други на национално ниво. Во секоја земја, два настани по категорија ќе се квалификуваат за следниот круг. Квалификацијата се одвива на два начина: еден настан се избира преку јавно гласање, а другиот настан се избира од партнерот управувач на земјата.

      Voting

      Гласање
      Гласањето ќе биде на веб страниците на Meet and Code. Организациите ќе ги собираат гласовите со тоа што луѓето ќе гласаат за нивниот настан. За да се пресмета глас, ќе треба да се внесе имејл адресата и истата да се потврди. Од секоја имејл адреса може да се гласа само еднаш. Само настанот со највисок број на настани ќе се квалификува за вториот круг.

      Организациите може да користат онлајн и офлајн комуникациски канали за да привлечат внимание на нивните настани и да ги поттикнат луѓето да гласаат за нив

      Избор

      Партнерот управувач на земјата од мрежата TechSoup Europe ќе избере еден настан за категорија за да се квалификува за вториот круг.

    • Круг 2

      Сите настани кои се квалификувани ќе бидат подготвени и презентирани на комисијата за вреднување. Комисијата ќе избере пет победници за категорија според определената процедура за избор.

  7. Награди: Пет финалисти од секоја категорија ќе добијат покана за награда на настанот за затворање кој ќе се организира во седиштето на SAP и ќе вклучи рамковна програма и работилници, со вклучени патни трошоци, сместување и надоместаок за храна кои ги покрива спонзорот. На двајца од организација им се дозволува да присуствуваат на настанот за доделување награди. За прво место во секоја категорија ќе се добијат дополнителни пари како награда и тоа 2,500 евра.
  8. Правен лек и одговорност: Организаторот не презема одговорност за патувањето за настанот за доделување награди. Правниот процес е исклучен.

Комуникација со јавност

Со цел да се зајакне идета на Meet and Code, организациите се обврзани да го користат логото на Meet and Code во нивните односи со јавност и активности поврзани со спонзорираните настани. Коректната употреба на логото е објаснета во инструкции за стилот (следи линк). Употребата на логото мора да биде документиарана преку имејл на info@meet-and-code.org



Дополнително, ние ги поттиклнуваме организациите да користат хаштаг на иницијативата: #meetandcode2018 во нивната комуникација на социјалните мрежи. Meet and Code ќе обезбедат ѕид на социјални медиум на кој ќе бидат наведени сите постирања во кои е споменат хештагот и ќе го презентират на веб страницата на Meet and Code.

Meet and Code се одржува во тек на Неделата на програмирање на ЕУ има за цел зајакнување на оваа иницијатива низ цела Европа. Поради тоа, ние ги поттикнуваме сите финансирани непрофитни организации исто така да ги пријават нивните Meet and Code настани на веб страницата на „EU Code Week„.

Одговорности; Обврски

Непрофитната организација која доставува идеја за настан е одговорна за водење на проектот. Партнерите на иницијативата на ниту еден начин не преземаат одговорност во однос на проектот и неговата реализација. Партнерите во иницијативата не се одговорни за било каква штета, загуба, повреда или недоволна изведба која ќе ја направат учесниците, трети страни или правни субјекти поради регистрирањето или реализацијата на проектот. Ниту партнерите во иницијативата не се одговорни за правните обврски на учесниците за или поради изведбата на проектот, без разлика дали обврските се поврзани со ресурсите за финансирање или не.

Партнерите во иницијативата не се одговорни за штетите на компјутерите во врска со или поради учество или симнување материјали повразни со иницијативата Meet and Code.

Откажани проекти; Останати фондови

Доколку во тек на проектот не се материјализираат или заостануваат фондови по реализацијата на проектот, финансирањето на SAP мора да се користи во рамките на тековната календарска година во согласност со Членовите на асоцијацијата за слични проекти (теми за програмирање). Должноста да се известува за користењето финансиски средства останува на сила.