Награди за Meet and Code

Ново за оваа година, Meet and Code ќе ги наградува најдобрите настани и ќе ги прикаже нивните активности на поширока публика. Наградите ќе се поделат во три категории:

  • Kick and Code (годишна тема)

    Настаните на Meet and Code кои бараат решавање на ИТ проблем со фудбал или го користат фудбалот како тема за да го доближаат програмирањето до децата. Ние бараме настани кои ги поврзуваат овие две теми на креативен и корисен начин со цел да се достигне целната група и да се доближат до светот на програмирањето и на ИТ.

  • Innovation

    Настаните на Meet and Code развиваат или промовираат креативни наставни методи и/или истражуваат тековни ИТ дигитални теми. Ние бараме настани кои на иновативен начин досегнуваат до целната група и ја поврзвуваат со темите поврзани со ИТ како и со настани кои избираат иноватни, ориентирани кон иднината и нападни технологии како IoT, Blockchain, AI, 3D printing, итн.

  • Diversity

    Настаните Meet and Code кои користат ИТ или други дигитални теми за да ги упатат и намалат нееднаквостите присутни во нивните заедници или воопшто во општеството. Ние бараме настани кои ги зголемуваат еднаквите можности, промовираат толеранција и ги укинуваат нееднаквостите базирани на пол, раса, религија, попречености, општествен и економски статус итн.

Во секоја категорија ќе се изберат пет настани и двајца претставници од секоја организација ќе бидат поканети на дводневниот настан за затворање во седиштето на SAP во Волдорф. Дополнително, добитникот на првата награда за секоја категорија ќе добие награда од 2.500 евра.

Како може да учествувате

Секоја добротворна организација која изведува настан финансиран преку Meet and Code е подобна да учествува за наградите Мeet and Code. Вие мора сами да одлучите за која категорија би сакале вашиот настан да се разгледува за наградата Meet and Code. За да го направите тоа, ве молиме да изберете соодветна категорија за награда кога ќе го креирате настанот. Настаните кои не се вклопуваат во категориите за награда сепак имаат право за општото финансирање на настанот.

Round 1

Во првиот круг, настаните се натпреваруваат едни против други на национално ниво. Во секоја земја, два настани по категорија ќе се квалификуваат за следниот круг. Квалификацијата се одвива на два начина: еден настан се избира преку јавно гласање, а другиот настан се избира од партнерот управувач на земјата.

Voting

Гласање
Гласањето ќе биде на веб страниците на Meet and Code. Организациите ќе ги собираат гласовите со тоа што луѓето ќе гласаат за нивниот настан. За да се пресмета глас, ќе треба да се внесе имејл адресата и истата да се потврди. Од секоја имејл адреса може да се гласа само еднаш. Само настанот со највисок број на настани ќе се квалификува за вториот круг.

Организациите може да користат онлајн и офлајн комуникациски канали за да привлечат внимание на нивните настани и да ги поттикнат луѓето да гласаат за нив

Избор

Партнерот управувач на земјата од мрежата TechSoup Europe ќе избере еден настан за категорија за да се квалификува за вториот круг.

Круг 2

Сите настани кои се квалификувани ќе бидат подготвени и презентирани на комисијата за вреднување. Комисијата ќе избере пет победници за категорија според определената процедура за избор.

Комисија

Евалуацијата на настаните и селекцијата на победниците ќе бидат извршени од страа на петчлена експертска комисија: