За

За Meet and Code

За иницијативата на Meet and Code:

  • SAP: Иницијативата е финансирана од SAP, кој исто така обезбедува поддршка и други ресурси за непрофитните организации.
  • Haus des Stiftens gGmbH (HDS): Иницијативата е развиена од HDS и тие се одговорни за избор на настани кои ќе се финансираат во Германија, Австрија и Швајцарија и за координација на финансирањето на одговорните партнери управувачи на земјата од мрежата TechSoup Europe. HDS работи со Stifter-helfen ИТ-порталот во Германија, Австрија и Швајцарија. Stifter-helfen ИТ-порталот им обезбедува на непрофитните организации во трите земји донации со производи и посебни услови од познати ИТ компании како и know-how за модерните технологии. Во Германија, ИТ порталот е промовиран во 2008, во Австрија во 2012 и во Швајцарија во 2013.
  • Земји партнери на TechSoup Europe: Оваа група партнери е одговорна за промоција на настанот, координација и дистрибуција, и распределба на финансирањето од SAP за сите други земји. Повеќето од овие партнери се членки на мрежата TechSoup global и обезбедуваат врска помеѓу светот и новите технологии и општествените промени. Мрежата на TechSoup Europe се состои од 22 партнерски организации кои им помагаат на над 400,000 непрофитни организации низ 48 држави.

Цел

Целта на Meet and Code е децата и младите на возраст помеѓу 8 и 24 години да се запознаат со светот на технологијата и програмирањето. Настаните се организираат за да им се покаже на младите колку интересно и забавно може да биде програмирањето и како тоа може да помогне за оживување на идеите. Тие треба да научат како функционира технологијата и како ИТ влијае на секојдневниот живот. Преку истражување на широк спектар дигитални теми и теми од технологија и креативно програмирање, тие ќе се поттикнат да ги развијат дигиталните вештини кои им се потребни за денешниот свет.

Идеја

Неделата за програмирање на ЕУ ќе се одржи од 6-21 октомври, 2018 година и е базирана на идејата за младите советници, советодавна група од поранешниот комесар за Дигитална агенда Нели Крос и е поддржана од Европската комисија. Иницијативата на Meet and Code е да се организираат настани поврзани со науката и технологијата во тек на Неделата за програмирање на ЕУ со 300 € почетни пари за настанот.

Целна група

Целна група на настанот се деца и млади помеѓу 8 и 24 години, кои ќе бидат запознаени со светот на технологијата и програмирањето.

Организатори на настанот

Различни социјални групи, како што се училишта, професионлаци од областа на ИТ, компјутерски клубови или компании може да планираат и да реализираат настани за целната група. Сепак, промоторот и организаторот на настанот мора да бидат добротворна организација, како што е асоцијација, за да го добијат финансирањето.

Апликации

Идеите за настанот може да се достават онлајн на www.meet-and-code.org помеѓу 04.06.2018 и 15.09.2018. Организациите може да достават неколку различни идеи за настан. Секоја идеја за настан која ќе се квалификува како погодна ќе добие почетни средства во износ од 300 € за поддршка на нивните активности.

Повеќе информации за условите за учество може да се најдат тука ...

Форми на настанот

Можните настани вклучуваат хакатони, работилници за програмирање, предавања, филмски настани, натпревари, ноќи за програмирање, часови за роботика или други формати. Вашата имагинација е границата. Идеите за настаните, презентациите и корисните алатки можат исто така да се најдат и на http://codeweek.eu/resources/.

Земји

Иницијативата Meet and Code ги поддржува дигиталните настани и настаните за програмирање во следниве земји: Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка Република, Англија, Франција, Германија, Унгарија, Ирска, Италија, Казахстан, Македонија, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Швајцарија и Украина.